Американскиот претседател Доналд Трамп верува дека има добар однос со севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун и оти „нема причина во овој момент да се трошат големи количини пари на заеднички американско-јужнокорејски воени игри“, соопшти Белата куќа.
Во соопштението кое Трамп го објави на Твитер, се додава дека американскиот претседател верува дека Ким е под „огромен притисок“ на Кина, но и оти Пекинг го снабдува Пјонгјанг со „значителна помош“, вклучувајќи гориво, ѓубриво и друга стока.
– Тоа не помага, се истакнува во соопштението.
(Миа)