среда, 14. февруари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Мицевски: Да не се прекршуваат законите, а со цел привремено вработување на административни службеници

Мицевски: Да не се прекршуваат законите, а со цел привремено вработување на административни службеници

Додека од неталентираните и потпросечни министри за финансии и информатичко општество и администрација, очекуваме да почнат со реформите, во Република Македонија постојат закони кои не се почитуваат и грубо прекршуваат од страна на органите на државната управа и јавните институции, изјави на прес-конференција Никола Мицевски пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и додаде:

„Имено, согласно член 8, 9 и 13 од Закон за трансформација во редовен работен однос, Институциите не смеат да ангажираат лица за извршување на физичка и/или интелектуална работа, врз основа на договор на дело повеќе од 1% од вкупниот број на вработени на крајот од претходната година, односно повеќе од три лица во институциите во кои вкупниот број на вработени е помал од 300 лица, по исклучок од членот 8 од овој закон, институциите може да ангажираат лица над утврдениот процент и со поголемо времетраење од предвиденото по претходно обезбедена согласност од Министерството за финансии.“

Мицевски посочи дека во казнените одредби на овој закон, меѓу другото стои и дека лицето кое раководи со институцијата која ќе ангажира лица за извршување на физичка и/или интелектуална работа, врз основа на договор на дело и/или авторски договор или друг договор со кој лицето е ангажирано за извршување на работата во процент поголем од 1% од вкупниот број на вработени на крајот од претходната година, а која нема согласност за тоа од Министерот за финансии ќе се казни со казна затвор од шест месеци до три години.

-Граѓаните и даночните обврзници имаат право да дознаат за вашето расипничко управување и раководење со институциите и основано и легитимно ве прашуваме:

1.Колку лица се ангажирани во институциите со договор за дело?

2.За кој вид на извршување на физичка и/или интелектуална работа се ангажирани?

3.Колку надзори се извршени и дали се утврдени неправилности во примената на Закон за трансформација во редовен работен однос?

Бидејки очигледно е дека немате елементарно познавање на законите или свесно дозволувате злоупотреби, ве потсетуваме дека со договор за дело може да се ангажираат лица кои ќе извршуваат физичка и/или интелектуална работа, само доколку истата не е предвидена во опис и попис на работни задачи на институцијата. Граѓаните и даночните обврзници очекуваат конкретни одговори од институциите кои секојдневно ги задолжуваат и ги осиромашуваат!?, изјави на прес-конференцијата Мицевски.

Најнови вести