понеделник, 6. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Да се укине притворот за Дурловски – бара неговиот адвокат

Адвокатот Еленко Миланов рече дека осомничениот не повикувал на насилство во Собранието и не ги упатувал присутните во салата.
Да се укине притворот за Дурловски – бара неговиот адвокат

Оперскиот пејач Игор Дурловски денеска се појави во Апелациониот суд каде што на јавна седница се расправаше за жалбата на неговата одбрана да му се укине притворот.

Адвокатот Еленко Миланов рече дека осомничениот не повикувал на насилство во Собранието и не ги упатувал присутните во салата.

Обвинителката од Вишото јавно обвинителство рече дека бара мерката притвор да остане бидејќи Дурловски бил во највисокиот законодавен дом за време на настаните на 27 април минатата година, пренесе Макфакс.

Одлуката на Судот ќе биде објавена деновиве.

Во судницата беше присутна и сопругата на Дурловски, Ана Дурловски, која носеше маичка со натпис „Правда за Игор“.

ФОТО: Макфакс

Најнови вести