среда, 27. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

ДИК на седница ќе ги разгледа обрасците за спроведување на референдумот

ДИК на седница ќе ги разгледа обрасците за спроведување на референдумот

Државната изборна комисија денеска во 14 часот ќе одржи јавна седница на која ќе ги разгледа обрасците за спроведување на престојниот референдум.

Членовите на ДИК ќе го разгледаат и Правилникот за начинот и постапката за решавање на приговори, Прирачникот за едукација на изборните органи и за барањата за неприфаќање на извршување на должност во избирачките одбори кои ќе го спроведуваат гласањето во странство.

На седницата се очекува по случаен избор да се изберат членови на избирачките одбори кои ќе го спроведат гласањето во странство. (МИА)