вторник, 12. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Нов меѓукорејски состанок на врвот ќе се одржи од 18 до 20 септември

Нов меѓукорејски состанок на врвот ќе се одржи од 18 до 20 септември

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун ќе се сретне со претседателот на Јужна Кореја Мун Џае-ин во Пјонгјанг од 18 до 20 септември. Двајцата лидери ќе разговараат за нуклеарно разоружување.

Тоа ќе биде трет самит меѓу нив. Тие ќе разговараат за практичните мерки за денуклеаризација на Корејскиот Полуостров, рече претставникот на Јужна Кореја Чун Ју-Јон. Тој ја предводи делегацијата, која е во посета на Пјонгјанг и му предаде писмо од јужнокорејскиот претседател на лидерот на Северна Кореја.

Ким Џонг-ун денеска ја потврди својата заложба за поддршка на денуклеаризацијата на полуостровот. 

МИА