Со четири натпревари кои ќе се играат попладнево во Сплит и Пореч, ќе започне 13-то Европското првенство за ракометари.
На шампионатот, на кој ќе учествуваат шеснаесет репрезентации, ќе настапи и селекцијата на Македонија, која своите средби од првата фаза ќе ги игра во Загреб, каде за противници редоследно ќе ги има Словенија, Црна Гора и Германија.
Селекциите се поделени во четири групи, од кои само најслабо пласираните нема да минат во главната фаза.
На програмата денеска се дуелите во А и Б конкуренција, а двојките се:
А група (Сплит): Шведска – Исланд (од 18:15 часот) и Хрватска – Србија (20:30 часот)
Б група (Пореч): Белорусија – Австрија (од 18:15 часот) и Франција – Норвешка (20:30 часот).
Средбите од 1.коло во Ц и Д групите на програмата се утре.