Врз сириската провинција Идлиб, која е под контрола на бунтовниците, денеска се извршени воздушни удари, соопшти Сирискиот центар за мониторинг на човековите права.
Според невладината организација, нападите врз селски реони во северниот дел на провинцијата ги извршила руската воена авијација.
Во Техеран денеска треба да се одржи средба на претседателите на Иран, Русија и Турција, кои ќе разговараат за иднината на Идлиб – последниот бастион на бунтовниците во Сирија.