Полицијата уапсила еден од петтемина осомничени за упадот во Собранието на 27 април минатата година кои се во бегство. Приведен е Младен Додевски, еден од осомничените за насилствата од 27 април, дознава телевизија 24 од свои извори.
Додевски е од групата осомничени, по кои беше распишана потерница. Кривичниот суд бараше притвор за Додевски и уште четворица осомничени, меѓу кои Александар Василевски Нинџа, Никола Митревски Кољо, Дејан Давидовски и Митре Питроповски.
Сите осомничени, се уште се во бегство. Освен нив, уште 28 лица за овој случај веќе се веќе во притвор.