понеделник, 18. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Сан Марино со намера да побара заем од ММФ од 300 милиони евра

Сан Марино со намера да побара заем од ММФ од 300 милиони евра

Сан Марино разгледува барање до Меѓународниот монетарен фонд за заем од 300 милиони евра за поддршка на работата на своите банки кои се оптоварени со долгови, јавија западни медиуми повикувајќи се на извори.

Државата од 34.000 жители се уште не е опоравена од рецесијата предизвикана од големата финансиска криза пред 10 години, а нејзините банки се оптоварени со долгови од 1.7 милијарди евра.

Тоа е 117 отсто од вкупниот БДП на Сан Марино за 2017 година од 1.45 милиајрди евра.

Таму има шест банки што е „наследство“ од време кога тие биле дискретно место за пари на странци особено Италијанци.

Централната банка на Сан Марино проценила дека 37 отст од долговите се во категоријата најлоши заеми. Покрај обраќање до ММФ, таа република планира и намалување на платите на вработените во јавниот сектор како рерформа на пензискиот систем.