вторник, 12. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

САД повлекоа амбасадори од три држави поради Тајван и Кина

САД повлекоа амбасадори од три држави поради Тајван и Кина

САД објавија синоќа дека ги повлекуваат своите амбасадори од Доминиканска Република, Славадор и Панама откако трите држави одлучија да не го признаваат веќе Тајван.

Вашингтон изрази загриженост поради бројот на држави што прекинаа дипломатски односи со Тајван во корист на Кина. Тајван сега има службени односи со само 17 држави.

Вашингтон нема дипломатски односи со Тајпеј, но е главен снабдувач на островот со оружје.

Стејт департментот наведе дека ги вратил амбасадорите од трите држави „на консултации поврзани со неодамнешните одлуки да не го признаваат веќе Тајван“. (МИА)