среда, 27. декември 2023. Вести денес: 0
home Општини

Сведоштво од велешанец: Полицајка настрадала зошто пишала казна на човек од власта

Сведоштво од велешанец: Полицајка настрадала зошто пишала казна на човек од власта

Кога пред неколку месеци сите насловници пишуваа за пајакот во Чаир едноставно не сакав да се замарам, да верувам дека во Македонија некој ќе потклекне и ќе стори харикири на плоштад како во песната на Игор Џамбазов и ќе го стори тоа за кое громогнасно пишуваа сите медиуми. Туку ај да ви раскажам една случка од Велес во кој пред некој ден беше Министерот Спасовски и зборуваше толку слатко за Полицијата како мед и млеко да тече, ама очигледно не било така по се изгледа и во Велес имало ПАЈАК ПАЈАЧИШТЕ.

Вака започнува писмото кое читател на КУРИР го испрати до нашата редакција.

Истото ви го пренесуваме во целост:

Ова да се разбереме не е медиумска приказна, туку ова е вистинска приказна која со свои очи баба ми Роска и нејзината пријателка баба Илинка биле сведоци денес околу пладне на Сармаале во самиот Центар на Велес.

Имено, како што раскажуваа и двете  фрапирани и потресени од се тоа на што сведочеле и тоа што го виделе ми беше интересно да слушнам и да ми ја прераскажат целата случка која за жал ме потсети на Скопскиот Пајак.

Синко страшно е тоа што се случува во оваа жална државичка вика баба Роска и кажува за настанот кој со свои очи го видела.

Баба Илинка се надоврзува и вика синко млада црнокоса полицајка која, како што ја нарече човекот во цивилка кој дојде по настанот на кој биле сведоци и кој и се обратил со името Македонка, денес работејќи униформирана на Сармаале каде што регулирала сообраќај учтиво како што доликува на еден вистински полицаец се обрати со предупредување на еден 40-тина годишен господин со зборовите „Господине ќе ве молам не се паркирајте тука и веднаш поместете го вашето возило бидејќи тука е забрането да се паркирате“.

По тоа истиот од погледот му се гледаше дека е страшно налутен го помести неколку метри од нас поточно на самата крстосница. Баба Роска вика полицаецот Македонка откако видела дека господинот само делумно ја испочитувал наредбата и се паркира на крстосницата веднаш се упати према него и строго полициски му кажа „Господине ќе ве молам вашите документи. Е тогаш, синко, вика баба Илинка, почна голготата на Македонка.

Најпрво овој неучтивиот почна да се заканува кон неа со зборовите „Знаеш ли кој сум јас, Знаеш ли ти што мие мене Началникот Злате, сега ќе му се јавам па ќе видиш со кого имаш работа“, по што влезе во колата и без срам паркираше онаму каде ја и баба ти Илинка требаше да поминеме на самиот пешачки и од другата страна да се качи е во вечното такси. Можеби ќе звучи смешно ама таа полицајката, Македонка некој инат без страв упорна секоја чест ваквите синко, министерот кој некња беше во Велес треба да ги награди, продолжи и воопшто не му се уплаши на овој мангуп му ги побара документите и си почна да ја врши својата должност, најверојатно пишуваше казна за неговото однесување, а откако му ги даде тие книгите мангупот вика „Утре јас ќе одлучам за тебе, проблемите сама си ги бараше“.

Е тоа што следеше за кратко додека ја и бабати Роска чекавме вечно такси беше Пајак над Пајаците синко, дојде еден бел убав автомобил од кој излезе црнокос господин на кој Македонка му отпоздрави и му се обрати со зборовите „Господин Началник“ и толку бидејќи потоа човекот почна да и се заканува со некакви си дисциплински постапки замисли синко само поради тоа што како што и рече требало да му се јави кога некој ќе се обрател во негово име. На господинот кој претходно си ја доби казната му вика и го охрабрува: „Ти утре поднеси поплака во станица, а останатото остави ми го мене, со тебе Македонка утре ќе се видиме кога за истово ќе ти биде поднесена дисциплинска постапка“.

Македонка засрамена пред народот не погледна во очи, разгледа наоколу по бројниот народ кој сведочеше на настанот и си замина синко, не знам со која мисла, но да знаеш синко многу беше уплашена.

На баба ми и верувам и знам дека ова што го раскажа е вистина, сега знам дека и скопскиот пајак е вистина, само реално не знам до кога ќе трпиме вакви испади и вакви настани кои ги охрабруваат сите непочитувачи на законите.

За крај би прашал „До Кога Господо, да вие кои треба да го применувате законот, до кога ќе го злоупотребувате за жал“.

Засрамете се господо началници, а ти Македонка ако воопшто така ти е името, продолжи во свој стил зошто само така ќе бидеме рамни на ЕУ и НАТО и никако поинаку.

Писмо од читател, граѓанин на Велес