вторник, 12. декември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Строго забрането: Откриено што Кејт и Меган не смеат да прават преку ден

Строго забрането: Откриено што Кејт и Меган не смеат да прават преку ден

Како дел од кралското семејство Кејт Мидлтон и Меган Маркл мора да се придржуваат на бројни правила.

Веќе е познато дека не смеат да се лакираат со лакови чии бои имаат силни тонови, ниту пак да носат облека со голи раменици.

Се проценува дека Меган има колекација на накит повредна од 8 милиони долари, но таа не може сама да одлучува кога и што ќе носи.

Грант Харолд, кралскиот батлер, постојат парчиња накит кои смее да се носат само после 18 часот, дури и доколку сте принцеза.

Станува збор за тијари, накит кој е резервиран само за мажените жени, а тие смеат да ги носат само навечер. Отстапка е направена за свадбата на Меган и принцот Хари.

Пред да влезат во кралското семејство, ниту Меган ниту Кејт не смееле да носат тијари во јавност.

-Тоа е знак на статус и показател дека сте зафатена жена и дека не барате маж. На мажите тоа им е јасен знак да не се обидуваат да се додворуваат, тврди Грант.

Спротивно на ова, двете можат да носат дијаманти во текот на целиот ден, но сепак многу почесто ги носат на раскошни вечерни случувања.

На денот на свадбата Меган ја носеше тијарата на кралицата Мери направена во 1932 година. Пред неа во јавноста последен пат ја носеше принцезата Маргарет во 1965 година.

Најнови вести