Меѓу Новак Ѓоковиќ и Хуан Мартин дел Потро владее големо пријателство што можеше да се види и по финалето на УС Опен кога српскиот тенисер славеше со 3:0.
Новак по завршувањето на натпреварот, а пред почетокот на свечената церемонија, му пришол на Дел Потро да го утежи кој плачел сам седнат во мракот.
Аргентинецот се смирил кога почнала церемонијата, а кога се обратил не ја пропуштил шансата да каже колку го сака Ѓоковиќ и дека е среќен поради него и покрај поразот во финалето.
-Тешко е да се зборува во овој момент, но ве сакам момци. Среќен сум што играв во финалето со овој величенствен идол. Тој знае дека е еден од моите најдобри пријатели, играч кој сакал да го гледам како ги освојува титулите. Секако дека сум тажен што го загубив финалето, носреќен сум поради Новак и неговиот тим, изјавил Дел Потро кој доби голем аплауз од публиката, а особено од тимот на Ѓоковиќ кои станаа да го поздрават Аргентинецот.