понеделник, 18. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

ФЛОРЕНС СЕЕ СТРАВ: Милиони бегаат од разорниот ураган кој се заканува да покоси делови од САД (ВИДЕО)

ФЛОРЕНС СЕЕ СТРАВ: Милиони бегаат од разорниот ураган кој се заканува да покоси делови од САД (ВИДЕО)

Федералните и локални власти во американските сојузни држави Северна и Јужна Каролина и Вирџинија наредија евакуација на 1,5 милиони луѓе од крајбрежните подрачја пред надоаѓањето на потенцијално катастрофалниот ураган Флоренс.

„Вашингтон Пост“ наведува дека ваква обемна евакуација е наредена на основ искуствата од минатогодишната сезона на урагани, кои ги погодиле Тексас, Флорида и Порторико.

Ураганот Флоренс продолжува да засилува, како по обемот, така и по силината, додека се приближува кон источниот брег на САД, а според најавите на Националниот центар за урагани, невремето во текот ќе се приближи со силина на категорија пет.

Невремеите од силина категорија пет имаат потенцијал да предизвикаат катастрофални последици, наведува АП.

Од Националниот центар за урагани предупредуваат дека постои високо ниво на уверување дека Флоренс ќе биде голем и сериозно опасен ураган.

Во меѓувреме, американскиот претседател Доналд Трамп одобри прогласување на вонредна состојба за Северна Каролина.

Претходно гувернерот на Северна Каролина, Рој Купер изјави дека „окото на ураганот“ ќе помине преку територијата на таа држава и ги повика жителите да се припремат за високи бранови, силни ветрови и поплави.

Гувернерот на Јужна Каролина, Хенри Мекмастер, наредни почеток на евакуацијата за денеска на пладне по локално време.

Одлуката се однесува на сите осум окрузи долж брегот на Атлантикот, вклучувајќи го и најголемиот град на таа држава Чарлстон.

Мекмастер проценил дека околу милион луѓе ќе мора да ги напуштат своите домови. Гувернерот на Вирџинија, Ралф Нортман наложи почеток на евакуација за делови од таа американска држава кои во ниската крајбрежна област, каде живеат 245.000 жители.

Тој ги повикал жителите да се припремат за налет на ураганот, кој ќе го зафати целото подрачје на Вирџинија.

Максималната брзина на ветрот и понатаму не се намалува и изнесува 220 километри на час.