петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Комерцијални објави

АЛБАНСКАТА ВЛАДА СЕ ПИШМАНИ И ГИ ВРАЌА ИГРИТЕ НА СРЕЌА

АЛБАНСКАТА ВЛАДА СЕ ПИШМАНИ И ГИ ВРАЌА ИГРИТЕ НА СРЕЌА

После четири години откако Владата на Еди Рама ги забрани игрите на среќа на територијата на Албанија, сега се попишмани. Образложението на Албанскиот премиер, според веста што ја објави МИА, е дека после забраната, игрите на среќа продолжиле да се одвиваат на црно и дека повторното легализирање на оваа дејност ќе и помогне на албанската економија во време на енергетска и економска криза. Оваа одлука на Албанската Влада сериозно ги ослабува аргументите на противниците на игрите на среќа во Северна Македонија.

Македонските асоцијации кои ги застапуваат компаниите кои се занимаваат со игри на среќа постојано предупредуваат дека евентуалните законски измени за дислокација на објектите ќе предизвика затворање на легална економска дејност и отворање на играчници на црно, на кои државата ќе нема никаква контрола. Како аргумент ја користат аферата „Детонатор“ од 2011 кога на истокот на земјата, беа конфискувани 1500 нелегално поставени покер апарати. Тие сметаат дека предлозите за дислокација на објектите нема да ги спречи граѓаните да играат игри на среќа и нема да ги задоволат дежурните критичари. Според нив искушувањето на среќата е дел од човечкиот карактер, затоа игрите на среќа ги имало и ќе ги има секогаш, се’ додека постои цивилизацијата. Нивното тврдење дека дури и евентуалното целосно затворање на сите објекти каде се организираат игри на среќа, тоа нема да ги спречи луѓето да играат, всушност се потврди со образложението на Албанскиот Премиер, Еди Рама зошто повторно ги легализира игрите на среќа.

На пример и во Грција децении наназад беа забранети објектите за игри на среќа. Бројот на казина на целата нивна територија не надминуваше повеќе од 10, кои претежно беа насочени кон туристите. Но, тоа сепак не ги спречува Грците да играат. Податоците укажуваат дека, во одредени периоди меѓу 3 000 – 5 000 Грци само во еден ден ги посетуваат казината во Гевгелија. Локалните власти тврдат дека економскиот развој на општината веќе 15 години се темели на работењето на казината и хотелскиот бизнис. Тука треба да земе предвид дека и домашните нафтени компании, стоматолозите, трговците имаат полза. Овие податоци ги принудија грчките власти да ја менуваат ригидната политика и со нов закон во 2018 дозволија нивната државна лотарија да отвора објекти со VLT апарати. Во Грција веќе се инсталирани 36 000 апарати за игри на среќа. Очигледно е дека ниту една држава не сака нејзините граѓани да ги трошат своите пари во соседството.

Со самиот факт што во објектите на сите категории игри на среќа во Северна Македонија се вработени речиси 10 илјади луѓе, а индиректно се засегнати најмалку 23 илјади граѓани, кои токму преку овие работни места обезбедуваат егзистенција, дополнително оваа дејност индиректно подржува и помага речиси 54 илјади работни места, а целиот економски сектор придонесува во годишниот државен Буџет финансиски средства во износ од 280 милиони евра, неспорно е дека приредувачите на игри на среќа се значаен дел од македонската економија чие стручно мислење, професионално и деловно искуство треба да се слушне, особено при изработка на законски измени кои може да предизвикаат драматични финансиски импликации во услови на најголемата криза после Втората Светска Војна.