четврток, 8. февруари 2024. Вести денес: 0
home Хороскоп

Бикот во сериозна брачна криза, Рибите уживаат во работниот успех

Бикот во сериозна брачна криза, Рибите уживаат во работниот успех

ОВЕН

Соработката со надредената личност ве фрустрира. Другата страна не ги прифаќа вашите идеи затоа што излегуваат од рутината. Изненадени сте од новото познанство. Ви се допаѓа што другата страна изгледа стабилно. Дишните органи се чувствителни.

БИК

Областа околу судења и правда лошо стојат за вас, и незадоводолни сте од некоја пресуда. Бракот минува низ сериозна криза. Иако односот е многу лош, се надевате дека бракот ќе опстане. Можна е уринарна инфекција.

БЛИЗНАЦИ

Соработката не се одвива на задоволителен начин. Не само што доаѓа до прекин, туку слаби се шансите повторно да се обнови. Непотребно сте љубоморни. Партнерот ве разбира и ви дава чувство на сигурност. Коските се чувствителни.

РАК

Одлично се сложувате со странските партнери. Воодушвени сте што имате слични погледи, очекувања и цели. Емотивно сте незадоволни долг период. Конечно, ја прекинувате врската без грижа на совест. Внимавајте на исхрана.

ЛАВ

Работата не ве загрижува толку колку финансиите. Не се сеќавате дали некогаш вака лошо финансиски сте стоеле. Саканата личност е чувствителна. Вашите напори да го решите проблемот не носат резултати. Време е да посетите стоматолог.

ДЕВИЦА

Тотален хаос на работа. Се што сте испланирле, работни обврски и распоред, изненадувачки се менува. Не ви годат промени. Не сте заинтересирани за средба со партнерот. Под стрес сте и неопходен ви е одмор.

ВАГА

Работната ситуација е одлична. Работата нормално се одвива, без потешкотии. Финансиите се стабилни.Незадоволни сте од односот со партнерот. Врската ве заморува некое време и го откажувате состанокот. Стабилно здравје.

ШКОРПИЈА

Ситуацијата на работа иритира. Поради вашите работни цели и натаму мора да бидете во контакт со личност која не ви одговара. Партнерот е нерасположен. Пробувате да дознаете што довело до ваквата ситуација. Чувствителни гениталии.

СТРЕЛЕЦ

Односот со колегите е незадоволувачки. Имате впечаток дека не се подготвени за нови, поинакви, ваши идеи. Не сте задоволни од врската и ја прекинувате. Ви здодеа нестабилноста на другата страна. Проблеми со синуси.

ЈАРЕЦ

Незадоволството од работната ситуација е на врвот и вие дефинитивно ја прекинувате соработката. Комуникацијата со саканата личност не е најдобра. Додека вие сметате дека нема надеж за врската, другата страна смета дека има. Проблеми со притисокот.

ВОДОЛИЈА

Соработката со странците е одлична. Ве воодушевува што имате исти погледи на проектот. Не сте заинтересирани за емотивниот сегмент и фокусирани сте на сопствените потреби. Стабилно здравје.

РИБИ

Уживате во работниот успех. Не сте очекувале дека толку силно ќе одекне, па затечени сте од пофалбите. Одличен ден за ново познанство. Ве привлекува стабилноста и силината со која другата страна зрачи. Се чувствувате добро.