сабота, 11. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хороскоп

Девиците преплавени со емоции, Јарецот да се чува од инфекции

Девиците преплавени со емоции, Јарецот да се чува од инфекции

ОВЕН

Нешто повеќе внимание посветете на комуникацијата и внимавајте на вербални несогласувања со надредените лица. Може ќе бидете наклонети кон расправии со саканата личност, па најдобро е комуникацијата да ја сведете на основна. Можни стомачни тегоби.

БИК

Работната седмица ви тргнува нешто забавено, поради грешки и пропусти на соработниците. Што се однесува до љубовта, тука се можни сериозни пречки, пред се поради тоа што не сте на иста бранова должина со саканата личност. Можна главоболка.

БЛИЗНАЦИ

Стабилен почеток на работната седмица. Без проблем ги одработувате задачите. Немојте да се залетувате околу целите. На љубовното поле време е посериозно да се позанимавате за иднината на вашата врска. Внимавајте на настинки.

РАК

Ситуацијата на работното поле продолжува по исто темпо. Можеби малку сте нетрпеливи да превземете лидерска одлука, но не брзајте. Слободните Ракови може да имаат изненадувачки контакт преку социјалните мрежи. Можни респираторни проблеми.

ЛАВ

Оваа седмица за припадниците на знакот Лав би требало да биде период на добра работна енергија. Клучни приоритети мораат да се испочитуваат, и затоа бидете внимателни. Овој ден може да ви донесе дистанца со партнерот. Здравјето е одлично.

ДЕВИЦА

Стабилна севкупна работна ситуација. Ќе бидете успешни и задоволни од остварените резултати, особено на полето комуникација и реализација на веќе договорените планови. Слободните Девици ќе ги преплави емоции, без разлика дали е во прашање некоја нова личност или сегашниот партнер. Здравјето е одлично.

ВАГА

Динамична и прилично успешна работна седмица е пред вас. Договори, активности, средби… се е во опција. Пробајте евентуалните дилеми околу љубовта да ги расчистите прво со себе, па потоа почнете разговор со саканата личност. Можни се респираторни тегоби.

ШКОРПИЈА

На самиот старт на оваа седмица, би можеле да бидете многу нервозни и недостапни за комуникација. Пробајте да ги избалансирате обврските за да избегнете нервоза од саканата личност. Одлично е здравјето.

СТРЕЛЕЦ

Ќе имате предизвикувачка работна недела. Особено внимание на потпишување на договори кои имаат голема тежина и кои се врзани за парични трансакции. Поволните вести или барем едно пријатно изненадување може да очекувате од една личност која долго време ви привлекува внимание. Здравјето е добро.

ЈАРЕЦ

Може да има мали проблеми поради лоша соработка со надредените, но ништо важно за да ве спречи кон остварување на зацртаните цели. Оние кои се зафатени ќе имаат хаос во плановите околу друштвените активности. Чувајте се од инфекции.

ВОДОЛИЈА

Овој прв ден од седмицата носи проблематична ситуација на работното поле. Повремено ќе бидете нервозни и сите ќе ви пречат. Повеќе интересни предлози може да ви пристигнат од саканата личност. Барем една од нив може да ве заинтересира и да ве привлече. Одлично е здравјето.

РИБИ

Многу од страна може да влијае на вам и да ви пречи во комуникацијата со надредените. Слободните Риби може да стапат во контакт со личност која долго ја познаваат. Проблеми со варењето на храната.