вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хороскоп

Дневен хороскоп: Одличен ден за слободните лавови, неодолива понуда ќе добие овој хороскопски знак

Дневен хороскоп: Одличен ден за слободните лавови, неодолива понуда ќе добие овој хороскопски знак

Овен (21.03 – 20.04)

Бидете внимателни некој од колегите се обидува да го наруши вашиот кредибилитет. Некое лице ви обрнува доста внимание, но сепак сеуште не сте подготвени за зрела врска. Оние во врска или брак ќе треба поискрено да зборуваат со партнерот.

Бик (21.04 – 21.05)

Владетелот на вашиот знак е во неповолен аспект со Нептун и може да ве доведе до проблеми на деловен план, внимавајте на концентрацијата. Што и да правите бидете отворени со партнерот. Не премолчувајте ништо, тоа ќе и наштети на вашата врска.

Близнаци (22.05 – 22.06)

Сте преземале премногу обврски па не знаете како да излезете на крај со нив. Побарајте помош од некој соработник. Зафатените ќе сакаат повеќе да излегуваат, да бидат во големи друштва и да флертуваат. Слободните би сакале да се во врска.

Рак (22.06 – 22.07)

Ве очекува многу интересна понуда. Ако не сте задоволни со материјалната состојба, потрудете се да ја подобрите. Зафатените ќе бидат во чудна љубовна состојба, нивниот партнер ќе флертува со некој друг. Оние кои се слободни немаат сериозни шанси до крајот на оваа недела.

Лав (23.07 – 22.08)

Во овој ден ќе имате многу работа и ќе бидете под огромен стрес, пронајдете начин како да се смирите. Денот ќе биде одличен за слободните, тие насекаде ќе наоѓаат шанси за добра врска. Оние во врска ќе имаат проблеми.

Девица (23.08 – 22.09)

На работното место некој многу ќе ве изнервира, но обидете се да не реагирате премногу бурно пред голем број на луѓе. Зафатените ќе сакаат да флертуваат со други лица, не правете го тоа, можно е да го загубите партнерот. Оние кои не се во врска ќе имаат добра шанса за нов почеток.

Вага (23.09 – 22.10)

Полни сте со позитивна енергија и елан. Внесете го тоа на полето на работењето и сигурно ќе отидете чекор понапред. Оние кои се сами ќе доживеат емотивно зближување со некое лице. Оние во врска ќе имаат потреба од разговор со партнерот.

Шкорпија (23.10 – 21.11)

Полето за работа е прилично лошо. Можно е да направите бројни грешки, кои можат скапо да ве чинат. Една личност се обидува да ви се приближи но вие сте премногу затворени. Зафатените можат да очекуваат променлив однос од партнерот.

Стрелец (22.11 – 21.12)

Фокусирајте се на обврските кои ги имате. Единствено така ќе успеете сите да ги решите. Не трошете премногу пари. Опкружени сте со љубов и внимание. Ќе бидете во позитивно расположение, а и партнерот ќе ги следи вашите чекори.

Јарец (22.12 – 20.01)

Доколку започнувате нова работа или воспоставувате нова соработка, бидете внимателни овој ден. Зафатените ќе бидат во стабилна и мирна врска, додека оние кои се сами ќе имаат прилика за страствен флерт.

Водолија (21.01 – 19.02)

Сте дале ветувања кои не можете да ги исполните и сега не знаете како да ја поправите ситуацијата. Најверојатно ќе загубите од кредибилитетот. Некој ви оставил голем впечаток, обидете се да дознаете повеќе работи за таа личност. Оние кои се сами неделава ќе најдат солиден партнер.

Риби (20.02 – 20.03)

Вообичаен работен ден. Нема да постојат значителни промени и случувања. Ако имате поеќе слободно време излегувајте што повеќе. Ќе ви одговара да сте опкружени со повеќе луѓе.