ОВЕН
Денеска е ден за одмор или барем што помалку работа, бидејќи претходните денови вложивте многи труд. Направете нешто што ве исполнува, минете време со пријателите, одете на кусо патување… Од пријателите ќе добиете одлична идеја за некои идни работни места.
БИК
Некои тајни кои неодамна излегоа на виделина ве вознемируваат, но обидете се повеќе да се фокусирате на иднината а помалку на минатото. Внимавајте кому верувате, бидејќи не секој има добри намери. Врската ви е одлична, партнерот ве поддржува на секој чекор.
БЛИЗАНЦИ
Во пријателските односи ве очекува некоја „драма“, а можеби вие сте личноста која би можела да ја смири ситуацијата, само ако останете смирени. Добро ви оди на работа, но не преземајте премногу обврски. Планирајте одмор.
РАК
Парите ви доаѓаат сосема неочекувано, но секогаш имате идеја на што би можеле да ги потрошите. Почестете се со нешто што долго време посакувате да го купите, го заслужувате тоа. Внимавајте на вашето однесување, бидејќи вашите зборови може ненамерно да повредат член на семејството.
ЛАВ
Полни сте со ентузијазам и толку сте шармантни денеска, што никаде нема да останете незабележани. Само пазете се од некој што ви се додворува или ласка на работа, но всушност сака некаква корист од вас. Пијте повеќе вода.
ДЕВИЦА
Ви се смешкаат некои добивки, добар ден за игри на среќа – ѕвездите ви се наклонети! Некои колеги на работа се обидуваат да префрлат дел од својата работа на вас, но застанете во одбрана. Ве очекуваат убави и романтични моменти со партнерот.
ВАГА
Конечно ќе можете да ги залечите старите рани од претходната врска. Вашата самодоверба расте бидејќи насекаде имате додворувачи, но не брзајте во врската само затоа што не сакате да бидете сами. Бидете повнимателни на вашата исхрана.
ШКОРПИЈА
Ве очекува голем успех на работа и конечно почнувате да ја разбирате вашата вредност. Можни се дури и некои нови деловни понуди, размислете добро, консултирајте се и со вашите пријатели. Подгответе убаво изненадување за вашиот партнер.
СТРЕЛЕЦ
Можни се мали несогласувања на работа, застанете во одбрана, но внимавајте да не кажете нешто за што подоцна ќе зажалите. Слободни, некоја личност со која сте имале врска во минатото ќе сака да се обидете повторно. Ви треба пауза.
ЈАРЕЦ
Некои луѓе кои ве повредиле во минатото ќе се извинат. Не сте сигурни како да реагирате, но најдобро е да го слушате своето срце. Одлично ви оди на работа, сè завршувате на време.
ВОДОЛИЈА
Разговорот со блиска личност ќе ве наведе да ја погледнете ситуацијата што ве мачи од поинаков агол и полесно да најдете решение. Можни се помали финансиски проблеми, погрижете се да не трошите пари на непотребни работи. Добивате неочекувана понуда за патување.
РИБИ
Не сте баш расположени, но наместо да бидете сами, поминувајте време со блиски луѓе, тоа ќе ве израдува. На работа не оди се баш како што сте замислиле, но обидете се да не се нервирате за работи на кои не можете да влијаете. Стресни сте, најдете начин да се опуштите.