Некои хороскопски знаци се попосветени на своите партнери, а други пак, сметаат дека нема потреба од „воздигнување до небо“ за да ја изразат својата љубов, што не значи дека таа не постои.
Според астролозите, Овенот, на пример, сака романтичен и рамноправен однос. Тој смета дека на партнерката повремено треба да ѝ се купуваат подароци, но не и да ја разгали и да ја претвори во материјалистка.
И Бикот сака да ѝ удоволува, но неговиот стил е малку поинаков. Наместо подароци или масажа, тој љубовта ќе ја покаже како поддршка, грижа и одговорност.
Од Близанците не би требало да очекувате кралски третман. И тој ќе ве сака, и ќе ве држи за рака, но постојаното удоволување не му е во природата. Според него, таквите работи се непотребни и изненаувањата се чуваат само за посебни пригоди.
Ракот сака да ја разгали својата партнерка и ќе ѝ даде сѐ што посакува. Тој е зависен од взаемни бакнежи и топли зборови.
Лавот ужива во внимание и галење, па тоа ѝ го нуди и на својата поубава половина, со очекување дека ќе му вратите со иста мерка. Тука ќе има многу подароци и отмени вечери. Лавот знае што треба да направи за да бидете среќна.
Мажот Девица нема да направи ништо посебно за да покаже колку сте му посебна, но неговите суптилни гестови и оригиналноста ќе кажат сѐ. Вие за него сте принцеза и ќе го забележите тоа додека, на пример, ви ја отвара вратата, ви го извлекува столчето, или ви испраќа кратки слатки пораки за да ви покаже дека мисли на вас.
Вагата сака да им удоволува на другите, но тоа нема да се случува постојано само зашто вие тоа го барате. Ќе ви ја пружи сета љубов, но нема да ве стави на престолот.
Мажите родени во знакот Скорпија се интензивни и прилично страствени. Но, иако би можеле да бидете негова кралица, најдобро е да не очекувате премногу. Просто, не се склони кон романтични и креативни гестови. Но затоа пак, в кревет ќе ве обожува како кралица, секако – еднаква на себе.
Стрелецот е авантурист и сака забава. Повремено сака и слатки подароци и излегувања. Претпочита силен однос и во врската нема да се чувствувате како дадилка.
Јарецот изгледа сериозно, но всушност е доста мек. Ќе ви се поклонува и ќе ви го подари сиот раскош што го заслужувате. Тоа е неговиот начин на покажување на преданоста.
На мажите Водолии им е важна длабоката поврзаност. За него подароците се површна работа. Претпочита обајцата да вложите еднаков труд во врската и сака да бидете со него поради тоа каков е, а не заради материјалните нешта.
Рибите се многу внимателни и ќе направат сѐ за да се чувствувате посебно. Очекувајте многу букети, отмени вечери и изненадни патувања.