недела, 17. декември 2023. Вести денес: 0
home Хороскоп

Јарецот започнува приватен бизнис, Девицата мисли на поранешниот партнер

Јарецот започнува приватен бизнис, Девицата мисли на поранешниот партнер

ОВЕН

Имате впечаток дека работните планови се ограничени и да има место да се вклучат уште некои проекти. Со многу оптимизам ги дополнувате сегашните планови. Фокусирани сте на работа, што на партнерот му пречи. Одлично здравје.

БИК

Успешни сте во решавањето на правни прашања. Имате таков настап на суд, кој води во насока на добивање на парница. Емоциите ви проработеле и имате потреба да бидете со саканата личност. Имунитетот ви е силен.

БЛИЗНАЦИ

Тековната работа ви здодеала. Рутината ве убива. Потребна ви е промена, нови обврски и предизвици. Вие сте фокусирани на својот социјален живот, а не на емотивниот, што на партнерот му пречи. Внесете промени во исхраната.

РАК

Работата стагнира и тоа ве тера на драматични промени: ја менувате работната стратегија и се надевате на добри резултати. Пред вас е ново познанство. Шестото сетило ви говори дека ќе дојде до зближување. Стомакот е чувствителен.

ЛАВ

Многу сте комуникативни и шармантни. На тој начин успевате да го забрзате решавањето на некоја документација, која иначе долго се чека. Ви претстои интересно познанство. Другата страна остава силен впечаток. Стабилно здравје.

ДЕВИЦА

Работата стагнира. Сконцентрирани сте на проблемите кои довеле до тоа.Потребно е време да се решат проблемите, но упорни сте. Во мислите ви е поранешниот партнер. И натаму емотивно сте врзани за него. Проблеми со притисокот.

ВАГА

Соработката со странските соработници не тече според очекувањата. Ниту имате сличен поглед на работа, ниту слични цели. Партнерот ве заморува, па се дружите со луѓе кои се многу подобро расположени. Проблеми со хормоните се можни.

ШКОРПИЈА

Енергични сте и добро знаете што сакате да постигнете. Во целост се запознаени со процесот на работа, и брзо носите одлуки. Ако сте слободни, не работите ништо по прашање на промена на статусот. Стабилно здравје.

СТРЕЛЕЦ

Максимално сте посветени на обврските и уживате во нив. Работата се одвива регуларно без никакви потешкотии и нервози. Преку работа запознавате личност која остава одличен прв впечаток, како и вие на неа. Се чувствувате многу добро.

ЈАРЕЦ

Влегувате во нова работна фаза. Започнувате приватен бизнис. Немате и натаму јасен концепт, туку само волја да работите и да успеете. Запознавате личност која има врска со странство. Сметате дека далечината не е проблем. Стомакот е чувствителен.

ВОДОЛИЈА

Креативни сте и смислувате нови планови за идната година. Имате потреба да направите нешто ново што уште не е видено. Не сте задоволни од бракот, затоа што имате впечаток дека сите обврски се на вашиот грб. Чувајте се од повреди.

РИБИ

Работната соработка со странските партнери одлично се одвива. Финансиската добивка дополнително го поткрева вашето расположение. Ве очекува средба со поранешната љубов. Не сте воопшто заинтересирани за обнова на врската. Стабилно здравје.