вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хороскоп

Јарецот да не претерува со барањата, Близнаците да се опуштат

Јарецот да не претерува со барањата, Близнаците да се опуштат

ОВЕН

Насочени сте кон својот дом и семејното опкружување. Од таму црпите сила и енергија за следната работна седмица. Ќе уживате во исполнетиот ден, а доцните попладневни часови ви носат можност за средба со саканата личност или некој кој ви е интересен.

БИК

Полето на движења, кратки патувања, контакти со другите денеска е нагласено. Бидете подготвени на средби со оние кои ги сакате и оние кои ви се блиски. Би било добро да излезете, прошетате, одите на излет надвор од градот, на базен или река.

БЛИЗНАЦИ

Време е во текот на овој ден да се опуштите. Немојте да размислувате за обврските кои ве чекаат, оставите ги за следната седмица. Со саканата личност, пријател или со членовите на семејството, организирајте некој заеднички собир и провод.

РАК

Месечината денеска е во транзит низ вашето поле на личност, носејќи ви добро, но и променливо расположение. Особено во претпладневните часови ќе бидете нервозни и многу чувствителни. Ова е само минливо, другиот дел од денот е подобар за вас.

ЛАВ

Сте се вовлекле во размислувања, планирања. Ви се чини дека тешко ќе излезете на крај со некои ситуации кои доаѓаат. Особено во претпладневните часови ќе бидете окупирани со грижи и стравови. Остатокот од денот ќе бидете расположени, и тогаш е најдобро да се посветите себе.

ДЕВИЦА

Денот како создаден за прослави и веселби, за окруженост на драги лица и пријатели. Можно е да отидете на некоја прослава, друштвена веселба, собир. Доколку не се случи, организирајте нешто кај себе, затоа што многу добро ќе си поминете.

ВАГА

Денеска можеби и не ви се излегува од дома, но би било добро да ги послушате пријателите или саканата личност, која пробува да ве „извлече“. Ќе видите дека расположението ќе ви биде подобро, кога сте опкружени со лица кои ги сакате. Опуштете се малку.

ШКОРПИЈА

Денот е идеален да бидете во движење. Немојте само да седите и да размислите премногу, тоа движење не треба да биде мисловен, туку физички. Во превод – одете некаде во провод, ако е можно и надвор од градот. Уживајте и опуштете се со оние кои ги сакате.

СТРЕЛЕЦ

Месечината е денеска на вашето поле на страсти, криза, па очекувајте во предпладневните часови хаос во мислите. Можно е ова најмногу да се однесува на контакт со саканата личност, симпатијата, или децата доколку сте родители. Немојте да бидете тврдоглави во некои ситуации.

ЈАРЕЦ

Нагласеното поле на партнерство ви носи голема потреба некои работи со саканата личност да ги расчистите. Немојте да претерувате со барањата. Тие со кои денеска доаѓате во контакт, веројатно ќе ве нервираат повеќе од обично.

ВОДОЛИЈА

Некои обврски кои инаку не ви се драги, ќе мора да ги одраборите денеска. Би било добро да се посветите и на себе, на своето здравје и да се опуштите. Растеретете се од се, пронајдете опуштеност, најпрво во контактите со пријателите.

РИБИ

Многу ве интересира она што е во врска со љубовта, да уживате, за контакт со децата, за спортски активности. Ако постои симпатија, денеска е нагласена потребата да бидете во контакт. Убав ден е пред вас, иако ќе потрошите малку повеќе пари.