недела, 17. декември 2023. Вести денес: 0
home Хороскоп

Јарецот да не се откажува, Рибите да не оставаат важен разговор за последен момент

Јарецот да не се откажува, Рибите да не оставаат важен разговор за последен момент

ОВЕН

Претстојното патување ве исполнува со пријатна возбуда. Добар колега или пријател од минатото ќе ви понуди работа на заеднички проект. Ќе ги здружите силите за да ги постигнете вашите цели со продлабочување на контактите. Вашата силна личност ќе дојде во конфликт со нечии интереси и можни се несогласувања.

БИК

Вашите непосредни обврски ќе траат подолго, со оглед на новитетите со кои ќе се запознаете денеска. Не ги занемарувајте ситниците кои исто така ќе ви го свртат вниманието кон себе. Можни се спорови со колегите, но ќе ги решите во интерес на вашата работа.

БЛИЗНАЦИ

Вашиот успех денеска во голема мера ќе зависи од вашата способност да комбинирате различни ситуации и да извлечете придобивки од тоа. Немојте да се изненадите ако нешто сосема случајно стане причина за сериозен исход во вашите деловни односи. Ќе имате можност да надоместите многу пропуштени шанси на личен план, каде судбината е поволна за вас.

РАК

Работите ќе ви бидат средени онака како што сакате, а тоа ќе ве исполни со задоволство. Некои од вас ќе претпочитаат да патуваат. Вашите роднини очекуваат поактивно учество во семејните работи. Вашите деловни очекувања ќе се остварат и ќе ве натераат да го споделите доброто расположение со пријателите.

ЛАВ

За многумина од вас започнуваат настани кои ќе донесат нови работи и во вашиот личен и во професионалниот живот. Невработените ќе најдат соодветна работа, а професионално ангажираните ќе имаат добри достигнувања. Ќе дојдете до свежи идеи кои лесно ќе ги спроведете, но можни се и тешкотии.

ДЕВИЦА

Со посакуваните активности ќе си го вратите расположението и тонусот. Одалечувањето од некого ќе стане причина за порешителни одлуки, а може дури и да доведе до разделби. Учествувате во животот на вашите најблиски и тоа ви дава сила да бидете активни во вашите работи. Духовните практики можат да направат чуда за вас, треба само денеска да се определите за нив.

ВАГА

Денеска не двоумете се да се занимавате со организациски работи, бидејќи вие сте единствените кои можете да се справите со сѐ трошејќи најмалку нерви. Ќе сфатите дека на другите не им пречи да ви веруваат и да ги слушаат вашите совети. Сепак, не претерувајте и не станувајте здодевни.

ШКОРПИЈА

Бидете подискретни во врска со вашите контакти денеска. Претпазливоста ќе ве спаси од непотребни недоразбирања и кавги, како и вклучување во деликатни врски. Нема да недостигаат можности за брзи имплементации. Всушност, ги подготвивте условите, но шансата денеска ќе биде изразена.

СТРЕЛЕЦ

Со организациски талент денеска ќе ги водите и ќе ги реализирате своите намери. Професионално завршената работа ќе го привлече вниманието на заинтересираните за неа и ќе создаде предуслови за нови проекти. Бидете внимателни со партнерот. Напнатоста не е добра за никого.

ЈАРЕЦ

Ќе ги споделите своите и ќе покажете разбирање за туѓите проблеми, а тоа не е ништо ново и интересно. Работата што ви претстои може да ви здодее со своите непредвидливи пречки. Ако веќе сте ја започнале, не се откажувајте, на крајот ќе имате финансиски придобивки и што е најважно искуство.

ВОДОЛИЈА

Самоуверено и без двоумење ќе ја скратите дистанцата, достигнувајќи поголема блискост со личност кон која се стремите. Внимавајте, не е сѐ како што изгледа. Вашата посветеност на вашите најблиски не е причина да се доживувате себеси како последно инстанца за нив.

РИБИ

Вашата деловна активност ви ги носи очекуваните резултати. Успевате да склучите договор на кој многу се потпирате и да ја стабилизирате финансиската состојба. Не оставајте важен разговор за последниот момент. Ситуацијата може брзо да се промени и нема да имате време да реагирате. Вечерта ве очекува средба поврзана со многу пријатни емоции.