вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хороскоп

Јарецот прави компромис каде не треба, на Лавот му е потребен одмор

Јарецот прави компромис каде не треба, на Лавот му е потребен одмор

ОВЕН

Благодарение на своите способности, добивате мала благодарница во вид на подарок. Ви импонира признанието, без оглед што количината на вашиот труд е далеку поголема од подарокот. Мудро заблагодарете се, вистинскиот надомест допрва доаѓа.

БИК

Ова е ваш ден. Коцките се сложуваат една со друга, работите се решаваат сами по себе. Пријатно сте изненадени, затоа што такво нешто не сте очекувале. Нека не ве занесе моменталниот резултат, затоа што тој не дошол со ваше залагање, туку пресуди факторот среќа.

БЛИЗНАЦИ

Преокупирани сте со финансии, партнерски односи и дилеми околу некакво вложување. Од вас се очекува да се прилагодите, а вашата реакција е потреба да избегате. Совет е да истрпите се, затоа што добивката која може да ја остварите не е занемарлива.

РАК

Вашиот однос кон обврските делува премногу опуштен. Одработувајте ги работите поодговорно и без многу приказни. Ретко кој знае дека вашите шеги се одбранбен механизам, затоа што не умеете на друг начин да ги сокриете вашите ставови и тензии.

ЛАВ

Уморни сте од темпото кое ве притиска. Ова е доба од годината кога ви е неопходен одмор. Ден минат во кругот на семејството и опуштена атмосфера е она што ве рехабилитира. Мислите дека е невозможно, а заборавате дека и немањето избор всушност е избор.

ДЕВИЦА

Ситуацијата не ви е стабилна, но тоа за вас е во втор план. Наскоро финансиите ќе се подобрат, а тоа ќе придонесе да се чувствувате посигурно, а со самото тоа и задоволно. Денот не е поволен за почнување на некои конкретни планови на работното поле.

ВАГА

Свесни сте за својата ароганција, но тоа е посилно од вас. Самоконтрола е неопходна доколку сакате да избегнете караница со претпоставените лица, од кои ви следува дури и казна. Немојте да го правите на другите она што не сакате да ви го прават вам.

ШКОРПИЈА

Добри вести стигнуваат од странство. Некому вашите идеи делуваат интересно. Не очекувајте бајки кои се случуваат преку ноќ. На се пристапете рационално и трпеливо влечете потези. Ако тоа успеете, резултатот нема да изостане.

СТРЕЛЕЦ

Може да ви се учини примамлива идејата повторно да се вратите во љубовната врска со личност со која врската завршила на непријатен начин. Пред да подлегнете на искушението, проверете дали таа потреба дошла од здодевност.

ЈАРЕЦ

Правите компромис таму каде не е место. Робувате на некои убедувања кои не се разионални. Доколку не послушате совет на еден пријател, сето тоа може да има непријатности. Верувајте во добронамерноста на другите луѓе.

ВОДОЛИЈА

За да остварите некои големи цели, ќе мора нешто да жртвувате, а тоа може да биде врзано за вашиот љубовен живот. Сонувате, и полни сте со идеи па големи се шансите во идеите да успеете, но обидете се да не „тргувате“ со емоциите.

РИБИ

Долго сте одолеале на импровизациите и сте ги форсирале своите идеи. Сега, кога туѓото решение е најнеповолно, вие морате да го прифатите. Вина за новонастанатата ситуација мора да преземете, затоа што со својот негативен став сте предизвикале инает кај надредените.