понеделник, 20. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хороскоп

НЕДЕЛЕН ХОРОСКОП 17 ДО 23 АПРИЛ Лавот на прагот на животните промени, Вагите ги очекува недела полна со динамика

НЕДЕЛЕН ХОРОСКОП 17 ДО 23 АПРИЛ Лавот на прагот на животните промени, Вагите ги очекува недела полна со динамика

Рибите особено да бидат претпазливи со парите, Водолијата мора да ја дефинира врската со саканата личност.

Дознајте што предвидува вашиот неделен хороскоп за оваа недела на работното место, во љубовта и дали ќе се сложувате со семејството.

Овен 

Работа: Се однесувате нервозно, вашите зборови може да се злоупотребат. Не ви е лесно да се воздржувате, но во моментов најдобро е да молчите. Ви треба промена и знаете дека е блиску. Стравовите не ви дозволуваат да ги направите првите чекори иако не ви недостигаат идеи. Возбудата и нервозата се минливи, а со нив и вашата неодлучност што понатаму.

Љубов: Од страв да не ја разнишате привидната стабилност во врската, одговорноста за се ја преземате врз себе. Може да влезете во сериозен конфликт со саканата личност бидејќи погрешно ја проценувате ситуацијата. Нестабилноста во љубовниот живот може да ја наруши и рутината во секојдневниот работен живот.

Здравје: Несоница

Бик 

Работа: Опкружени сте со недоразбирања и конфликти. Најпаметно е да избегнувате ситуации во кои донесувате одлуки. Доколку во текот на работата сте учесник во сообраќајот, наоружајте се со трпение бидејќи секаде ќе доцните. Дополнително, не движете се никаде пред да го проверите возилото. Држете се настрана и од официјалните лица, бидејќи и најнеопасните ситуации можат да се комплицираат.

Љубов: Ве заинтригира некој нов и деновиве се обидувате да се фокусирате на тоа. Не брзајте во нови емотивни авантури, особено ако сè уште не сте преболеле некој од минатото. Сеќавањата кои ве мачат можат да станат непремостлива пречка за нова љубовна врска.

Здравје: Одморете малку, премногу работите.

Близнаци 

Работа: Тешко се справувате со хаосот во кој сте се нашле. Стагнирате таму каде што сте, но не губете надеж. Сè што се случува деновиве, во суштина, отвора поволни можности кои веќе ги чувствувате. Во меѓувреме, додека чекате, проверете ги финансиите бидејќи веројатно ќе има непријатни работи во вид на казни или опомени за заостанати долгови.

Љубов: Бидете трпеливи со вашата сакана личност и не инсистирајте на вашите ставови, особено ако таа нагласува сериозни теми. Овие денови имате тенденција да преувеличувате сè, вклучително и проблемите. Доколку се предадете на притисокот, ќе имате големо недоразбирање, а за некои и сериозна љубовна криза.

Здравје: Пазете се од повреди.

Рак 

Работа: Ви се чини дека само вие се трудите. Иако повеќе би сакале да најдете кружен начин за заработка, подобро е да се потпрете исклучиво на своите способности, бидејќи успехот ве очекува само на тој начин. Бидете внимателни, ве очекуваат тешкотии со властите. Планетарните транзити ви носат шанса конечно да ги реализирате идеите кои досега биле погрешно разбрани.

Љубов: Од една страна копнеете по слобода, а од друга сакате да имате некој покрај себе. Не дозволувајте меланхоличкото расположение да ве наведе на избрзани потези, особено овие денови. Околностите наскоро ќе се променат, па не е паметно да донесувате важни одлуки додека ситуацијата не се разјасни.

Здравје: Гастритис.

Лав 

Работа: Вие сте на прагот на промена која завршува една фаза од вашиот живот. Сепак, преминот кон новото нема да се случи преку ноќ. Пред вас е контакт со личност која носи добри можности во вашиот живот но и важни животни лекции. Без разлика на околностите кои ветуваат, не се обесхрабрувајте бидејќи целосната и вистинска слика ќе ја дознаете дури откако ќе го надминете првичното разочарување.

Љубов: Се потпирате на партнерот, наместо да ги засукате ракавите и сами да најдете излез од некој проблем. Можеби бегате од иницијатива затоа што треба да жртвувате нешто. Свесни сте дека тоа може да ги наруши односите во вашата љубовна врска, а за тоа не сте расположени барем во моментов.

Здравје: Проблеми со очите.

Девица

Работа: Свесни сте дека сте склони кон превиди. За да избегнете компликации, вклучете ги колегите во вашата работа и направете колективен план за работа. Успехот е можен само на таков начин. Заедно со големо задоволство ќе ја извршите работата, па успехот е сигурен. Грижете се за финансиите, ве очекува непланиран трошок, особено на крајот на неделата.

Љубов: Нестабилноста на вашето расположение може да биде поттик за непријатни дискусии. Доколку не контролирате големи емотивни осцилации, обичен разговор може да се претвори во сериозен конфликт по кој нема враќање назад. Ако е можно, избегнувајте да се сретнете со партнерот овие денови.

Вага 

Работа: Размислувате во која насока да продолжите, па оваа дилема ви предизвикува голема напнатост. Немате многу време за двоумење, мора брзо да реагирате. Не трошете време на стравови, туку размислувајте конструктивно и слушајте што се обидува да ви каже душата. Решението е точно пред вашиот нос, но вие упорно играте на сигурната карта која не ви носи резултати.

Љубов: И на деловен и на љубовен план, пред вас е недела полна со динамика. Ова бара многу енергија, која вообичаено ја имате во изобилство. Разговорите што ќе ги водите деновиве нема да дадат спектакуларни резултати, затоа забавете и избегнувајте убедување.

Здравје: Контролирајте го крвниот притисок.

Шкорпија 

Работа: По прераспределбата на обврските, добивате неочекуван поттик од личност која до сега не била пријателски настроена кон вас. Покрај тоа, транзитните аспекти на небото најавуваат неочекувани и принудни промени кои можат да ве вознемират и исплашат. Не подлегнувајте на притисокот, не заборавајте дека секој крај на една фаза е и почеток на друга.

Љубов: Вие сте под премногу напнатост, па сè може да изгледа помрачно отколку што е. Совет е да не се впуштате во никакви дискусии или дебати со саканата личност. Покрај тоа, транзитниот аспект што ве мачи овие денови опишува лаги, тајни и скандали. Внимавајте што и кому кажувате или верувате.

Здравје: Пазете се од инфекции.

Стрелец 

Работа: Ви претстои значителни флуктуации со финансиите. Поддршка можете да најдете во кругот на деловни соработници кои станале ваши пријатели. Без разлика на предизвиците, уживате во забележителен прилив на енергија што ви недостасуваше. Следат нови обврски, па ви претстои напорна работа, за која барем засега нема да бидете соодветно платени.

Љубов: Во врската со саканата личност нешто недостасува. Чувствувате дека атмосферата се променила, но не знаете што ја предизвикало. Можеби изминатиов период бевте премногу опуштени бидејќи љубовта ја прифативте како нешто што е сигурно и недопирливо. Посветете се на вашата сакана пред да биде предоцна.

Здравје: Ќе имате недостаток на енергија.

Јарец 

Работа: Овој период не е поволен за започнување нови активности бидејќи ќе доживеете забележителен пад на енергијата. Време е да се направи сериозен преглед на сè што е направено. Доколку тајно правевте некои потези, бидете свесни дека вашиот труд и посветеност на работното место не останаа незабележани. Сепак, за конкретните резултати од сѐ ќе треба да почекате уште малку.

Љубов: Врската од која многу очекувавте станува затегната. Некој близок повеќе не е расположен како порано, иако се чини дека тој ве сака повеќе отколку вие него. Тешко ви е да уживате, станувате свесни дека туѓите очекувања се голем товар за вас. Сето ова може да биде причина да размислите за раскинување.

Здравје: Главоболки.

Водолија 

Работа: Пред вас е официјална вест која доаѓа од луѓе кои се над вас во хиерархијата. Без разлика дали се работи за признание, диплома или нешто слично, отвора нови можности за понатамошен професионален развој. Свесни сте дека сте на прагот на големи промени кои ќе ви донесат нови шанси и посебно задоволство по кое копнеевте.

Љубов: Врската со саканата личност мора да биде дефинирана. Свесни сте дека една фаза од вашата љубовна врска минува и дека е крајно време да одлучите што понатаму. Можеби вашето двоумење доаѓа од тоа што премногу сериозно ги сфаќате животот и љубовните врски воопшто. Опуштете се и уживајте во сегашноста.

Здравје: Проблеми со нервите.

Риби 

Работа: Атмосферата во вашето поле на работа станува напната. Прифаќањето на ситуацијата ќе се исплати во иднина. Сепак, избегнувајте инвестиции и финансиски трансакции бидејќи може да бидете жртва на измама. Ви испраќаат сметки од сите страни – проверете ја секоја, бидејќи некои од нив се погрешни. Токму кога ќе помислите дека повеќе не можете да издржите, ситуацијата ќе се стабилизира.

Љубов: Главна тема во оваа област од животот се минати времиња, неискреност или тишина, без разлика дали се ваши или на најблиските. Неизвесноста за исходот може да предизвика голема непријатност, што дури може да направи да се чувствувате лошо. Кризата е минлива, без долгорочни последици.

Здравје: Проблеми со алергија.