вторник, 21. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хороскоп

Неделен хороскоп – еден знак го очекува промена на љубовен план, а еден знак особено го очекуваат здравствени проблеми

Неделен хороскоп – еден знак го очекува промена на љубовен план, а еден знак особено го очекуваат здравствени проблеми
ФОТО: Shutterstock

Дознајте што предвидува вашиот неделен хороскоп за оваа недела на работното место, во љубовта и дали ќе се сложувате со семејството.

Овен 

Работа: Ви претстојат важни деловни разговори. Иако тајно правевте некои потези, вашиот труд и посветеност на работното место нема да останат незабележани. Освен тоа, се заморувате затоа што веќе некое време сте под голем притисок. Не ги обвинувајте другите дека сте преоптоварени, се наметнавте и презедовте обврски кои не се ваши. Бидете трпеливи и упорни.

Љубов: Се вртите во кругови. Решението е токму пред вас, но тврдоглаво се држите за старата приказна која ја оправдува блокадата во која сте се нашле. Одговорноста ја префрлате на другите, заборавате дека самите сте креаторот на вашата среќа. Саканата личност носи драгоцено решение.

Здравје: Главоболки.

Бик 

Работа: Ви претстои задача која ќе ви помогне да ја надминете нетрпеливоста. Верувајте во себе, не обрнувајте внимание на мислењето на другите. Мислите дека ќе се смирите доколку веднаш ги разрешите сите замрсеци и сомнежи кои ве мачат. Не го условувајте вашето расположение со успеси, бидејќи таквата напнатост може да биде сериозна причина за пад на енергијата, што дури би влијаело и на вашето здравје.

Љубов: Разбирањето меѓу вас и вашата сакана е на загрижувачки ниско ниво. Ги игнорирате проблемите, па деновиве ве следи непријатно изненадување. Пред да ве совлада песимизмот, дозволете си малку слободно време. Можеби ќе ви ги наполни батериите и ќе ви ги разјасни дилемите што ве мачат.

Здравје: Проблеми со алергии.

Близнаци 

Работа: Проверете ги вашите документи, условите за патување и средствата што ви се потребни. Прегледите може да ви го комплицираат животот оваа недела. Вашата концентрација не е на завидно ниво. Главно размислувате за уживање и релаксација. Во духот сте далеку од местото на живеење, па пожелно би било да се симнете на земја оваа недела, во спротивно следува болно враќање во реалноста.

Љубов: Не ви е лесно да го контролирате своето незадоволство, па затоа во овој период најдобро е да избегнувате сериозни теми и да премолчите каква било провокација. Колку и да сте убедени во вашата добронамерност и исправност, бидете сигурни дека, оваа недела, секој збор што ќе го кажете ќе биде погрешно разбран.

Здравје: Грижете се за грбот.

Рак 

Работа: Ова е вистинско време да се ослободите од сѐ што не ви треба. Чистењето, и во вашиот дом и на вашето работно место, ќе создаде средина за реализација на многу нови деловни проекти. Се зголемуваат вашите парични преокупации, партнерства и долгорочни инвестиции. Од вас се бара да промените некои од вашите навики и да се прилагодите на новите околности.

Љубов: Имате потреба од промени, но не сте сигурни што би сакале да промените. Бидејќи кај вас често се оди заедно, работа, пари и љубовен живот, свесни сте дека ако преземете нешто конкретно, ставате се на линија. Секоја неизвесност влева во вас неопислив страв и потреба да се повлечете.

Здравје: Болка во синусите.

Лав

Работа: Не сте сигурни во вашите намери. Можно е мало подобрување на расположението, иако некои проблеми сè уште постојат. Под голем притисок сте. Од вас зависи дали ќе ги спроведете одлуките кои не влијаат само на вас. Од друга страна, потребна ви е поддршка од вашите соработници, но не ја добивате. Можеби ова е можност да преземете целосна одговорност и сами да ги завршите работите.

Љубов: Се чувствувате како да сте под голем притисок, а тоа ви пречи. На саканата личност и треба поддршка и не ја разбира доволно вашата хронична напнатост. Зголемената физичка активност, одење или трчање, може да ве оживее, но само под услов тоа да не е обврска.

Здравје: Пазете се од инфекции.

Девица 

Работа: Деловните околности ве наведуваат да донесете одлука која не ви се допаѓа. Подготвени сте за тоа, но тоа ви пречи затоа што мислите дека тоа е понижувачко за вас. Не земајте сè при срце, ако тоа е заради повисок интерес, не е страшно понекогаш да се поднесувате. Заморот кој ве мачи веќе некое време си го прави своето. Секојдневните задачи бараат повеќе труд од вообичаеното.

Љубов: Имате шанса конечно да презентирате некои ваши желби кои досега ви биле неисполнети и да добиете поддршка од саканата личност. Следно ќе запознаете интересна личност која сте ја познавале од видување. Бидете трпеливи бидејќи нестабилното расположение може да предизвика непотребен стрес.

Здравје: Пазете се од повреди.

Вага

Работа: Околу вас владее непријатна атмосфера што ја започнавте. Ви се чини дека околината ве исцрпува, а го игнорирате фактот дека ги оптоварувате со вашиот ригиден став. Не заборавајте, она што го добивате е пропорционално со она што го давате. Се прашувате што сте можеле да направите поинаку. Не избрзувајте со заклучоци затоа што имате тенденција да погрешно проценувате.

Љубов: Можни се компликации на ова поле. Во минатото славевте мала победа со тоа што јасно му ставивте до знаење на партнерот што сакате. Денес се исплати, а авторитетот може да ви се разниша доколку навреме не го зауздате егото. Вашата посесивност станува исцрпувачка за сите, дури и за вас

Здравје: Меланхолија.

Шкорпија 

Работа: Нетрпеливи сте бидејќи чувствувате дека промените сѐ се поблиску. И како што обично се случува, минутите се чувствуваат како години. Ве вознемирува тензијата, потребно е да најдете начин да се опуштите. Верувајте во себе, бидејќи ве очекуваат поволни дискусии, преговори и договори, но и стабилизација на полето на финансиите. Бидете упорни во се што правите бидејќи пред вас се добри можности.

Љубов: Можна е интересна средба со личност со која љубовната врска е невозможна. Прифатете го предизвикот, но чувајте се во тајност бидејќи подоцна таа авантура може скапо да ве чини. Ве очекува важна лекција во која треба да ја надминете својата неодлучност, една од вашите особини која често делува против вас.

Здравје: Грижете се за вашите бели дробови.

Стрелец 

Работа: Ви претстојат одредени непријатни искуства доколку се обидете да направите кратенка и да направите нешто што не е дозволено. Барате начин да ги оправдате своите постапки, но наидувате на недоразбирање на околината. Вашиот напор може да биде профитабилен ако однапред планирате сè и истраете дисциплинирани во вашиот план, и покрај сите искушенија кои ќе ве забават.

Љубов: Ситуацијата не е баш стабилна. Имате многу планови и очекувате наскоро да започнете некои од нив. За жал, во овој период нема да забележите поголеми случувања на ова поле, освен што постапките на саканата личност ќе ве наведат да размислите дали патот на кој сте излегле е најповолен за вас.

Здравје: Намалете го внесот на шеќер.

Јарец 

Работа: Ве мачат финансиите, партнерските односи и дилемата за некаква инвестиција. Од вас се очекува да се прилагодите и вашата реакција е потребата да избегате. Совет е да истраете во се, бидејќи добивката што можете да ја постигнете не е занемарлива. Се ближи моментот на реализација на некои проекти, како и можноста да го потпишете договорот што го чекавте некое време.

Љубов: Вашето безопасно флертување се заканува да ве вовлече во врска од која тешко ќе се извлечете. Ако сакате да избегнете скандали, контролирајте се и не подлегнувајте на искушенија. Целото ваше внимание е насочено кон проблематична ситуација со саканата личност. По големите турбуленции, претстои големо олеснување.

Здравје: Пазете се од повреди.

Водолија

Работа: Од некои зделки очекувате премногу. Резултатите не се толку важни, вие им дадовте важност. Не трошете зборови, особено ако спроти вас има некој кому не му верувате. Потпрете се само на своите способности, труд, труд и жртви, само така ќе го постигнете очекуваниот успех. Ќе си заминат и сите пари што ќе ви дојдат на побрз и полесен начин.

Љубов: Сè некако ви е досадно. Не се откажувајте бидејќи оваа фаза е привремена. Ве очекува забележлив пад на енергијата. Напнатоста може да предизвика отворени конфликти со саканата личност, но и со пријателите. Посесивното однесување на луѓето околу вас ги отежнува сите ваши обиди да се стабилизирате.

Здравје: Проблеми со кожата.

Риба

Работа: Се чувствувате несигурно и неразбрано. Победата е можна со голема борба доколку истраете. Многумина од вас ќе почувствуваат зголемена напнатост на работа во овој период. Тоа е резултат на промени кои се на хоризонтот, над кои немате контрола. Можеби е време да ги анализирате вашите внатрешни нагони, поради што не прифаќате отстапувања, па дури и симболични.

Љубов: Во искушение сте да донесете избрзана одлука која не би ви го донела вистинското решение. Идеално би било пред каков било конкретен потег да размислите за се уште еднаш. Можеби причината за вашето незадоволство лежи во значителниот пад на енергијата за кој очигледно не сте свесни.

Здравје: Дигестивни проблеми.