петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хороскоп

Неделен хороскоп од 19 до 25 ноември: Авантуристичка енергија и опуштање- еве што Ви носат ѕвездите

Неделен хороскоп од 19 до 25 ноември: Авантуристичка енергија и опуштање- еве што Ви носат ѕвездите

Полека ни доаѓаат студените денови на ноември. Владеењето на Шкорпија завршува и настапува владеењето на Стрелецот. Тоа ќе донесе авантуристичка енергија, но и опуштање.

Прочитајте го неделниот хороскоп од 19 до 25 ноември.

Овен

На работа ве очекуваат многу работи кои морате да ги направите во краток временски период, но не се нервирајте многу бидејќи имате голема поддршка од колегите. Многумина ќе ве критикуваат, но вие држете се до својот концепт и колегите кои ви даваат помош.

Најдобро се чувствувате кога имате впечаток дека контролирате важни ситуации на полето на љубовта, но партнерот се бори да биде доминантен. Немате потреба да се грижите, само опуштете се.

Потрудете се да го подобрите своето расположение.

Бик

Склони сте кон претерано анализирање, но моментално ви се потребни практични решенија. Потрудете се да го завршите тоа што го имате започнато.

Ве очекува повик од личност која ви е особено драга.

Искористете го слободното време за да се релаксирате.

Близнаци

Јасно ви е дека не можете да имате контрола над сите ситуации на работа. Потрудете се да овозможите размена на идеи и да ја подобрите соработката со колегите.

Пробувате да оставите впечаток дека во љубовта ви цветаат рози, но длабоко во себе сте многу загрижени.

Обрнете внимание на соништата, нешто многу ќе ве оптеретува.

Рак

Можни се затегнати односи со колегите, особено оние родени во знакот Овен или Јарец. Тие не ве разбираат.

Потрудете се да направите компромис во љубовта.

Подобрете ја психо-физичката кондиција.

Лав

Пробувате да заминете во странство на работа, но засега не ви оди добро. Побарајте помош од некого.

Не им оставате простор за слободен избор на оние кои ги сакате. Користете го својот шарм во соодветна мера.

Занимавајте се со спорт.

Девица

Обрнете внимание на некои информации кои можат да ви го намалат успехот. Имате големи очекувања, особено кога станува збор за еден Лав, со кој успешно соработувате некое време.

Задоволството кое го чувствувате во нечија близина треба да ви биде причина да започнете врска со таа личност.

Потребен ви е одмор.

Вага

Со желба да остварите значајни професионални резултати, правите импровизација. Понекогаш нема успех без поголем ризик.

Го збунувате партнерот со честите промени во расположението и нејасните реакции.

Ќе бидете одлично расположени.

Шкорпија

Барате нови можности за работа, а тие се пред вас оваа недела.

Ви се чини дека личноста која ја сакате нема доволно разбирање за вас. Не потонувајте во меланхолично расположение.

Внимавајте на имунитетот.

Стрелец

Вешто ќе ги користите своите способности и нема да се откажете од совјата визија. Се додека точно знаете што сакате да постигнете, можете да се надевате и на успех.

Подготвени сте да направите многу за партнерот, но под услов некој да не ја загрозува вашата воспоставена доминација и интегритет.

Се наоѓате во сјајна психо-физичка форма.

Јарец

Важно е да имате цел пред себе, но уште поважно е работите да ги извршувате на начин кој ќе ви овозможи успех и добра заработувачка.

Од партнерот очекувате повеќе одошто може да ви даде.

Би ви годела релаксација.

Водолија

На работа имате можност да ја подобрите соработката со еден Рак или Шкорпија.

Лесно ги менувате интересите, што највеќе зависи од вашиот интерес или луѓето кои ги среќавате.

Внесувајте повеќе витамини.

Риби

Потрудете се да направите се што е потребно за да дадете максимум на работа.

Не се откажувате од своите намери, но вашиот партнер размислува сосема различно од вас.

Во овој период најважно е да ги усогласите своите мисли и чувства.