Овен
Бидете внимателни со новите познанства бидејќи постои ризик да наидете на токсични луѓе. Освен тоа, можна е непредвидена промена на плановите, но тоа ќе ја сврти ситуацијата на подобро. Препорачливо е да не го озборувате вашиот шеф со колегите, но астролозите исто така ви препорачуваат и да не ги озборувате колегите со шефот.
Бик
Оваа недела ќе бидете принудени да ги доведете во рамнотежа личните и професионалните интереси. Од друга страна, важно е да продолжите да се фокусирате на себе и на вашите најблиски. Не треба да планирате ништо сериозно за викендот. Наместо тоа, подобро е да го поминете во опуштена атмосфера.
Близнаци
Дали ќе најдете излез од тешката ситуација или не, зависи од вашите одлуки и иницијативи. За време на викендите, пред да направите било што побарајте поддршка од блиските луѓе бидејќи тие ќе можат да ви помогнат.
Рак
Не дозволувајте носталгијата и меланхоличното расположение да бидат пречка за вашиот напредок. Од друга страна, слободно искористете го шармот бидејќи тој ќе игра важна улога во постигнувањето успех. Можни се неочекувани тестови, но ќе бидете подготвени. За време на викендите самоиницијативно учествувајте во семејните работи.
Лав
Конечно ќе можете да ги реализирате долгоочекуваните проекти на работа, затоа бидете поактивни и преземете иницијатива. Што се однесува до семејниот живот, за време на викендите ќе биде тешко да се избегнат проблеми. Обидете се да не навлегувате во расправии за да не наидете на конфликт со вашите најблиски.
Девица
Оваа недела ќе бидете зафатени со работа, но, од друга страна, ќе научите нови вештини. Што се однесува до приватниот живот, астролозите ви препорачуваат да го поминете викендот во пријатна средина со луѓе кои ви се допаѓаат.
Скорпија
Периодот на стрес и грижи заврши, па затоа оваа недела ќе биде идеално време да се опуштите. Важно е да се фокусирате на односите со вашето семејство. Сите други можат да почекаат. Освен тоа, за време на овој викенд ве очекуваат пријатни изненадувања од најблиските.
Стрелец
Најважно е да се фокусирате на деловните работи. Во спротивно, нема да го постигнете посакуваниот напредок во кариерата. За таа цел, не треба да зборувате многу и да донесувате избрзани одлуки без да направите анализа. Очекувајте гости за време на викендот.
Јарец
Ќе ви бидат потребни издржливост и решителност за да се справите со предизвиците кои ве очекуваат оваа недела. Размислете пред да дејствувате. Бидете отворени за промени и прифатете ги новите можности.
Водолија
Не преценувајте ги вашите сили за да не наидете на разочарување доколку немате време да направите нешто. Имајте на ум дека среќата и успехот кога-тогаш ќе дојдат во ваши раце. Викендите, пак, ќе го донесат долгоочекуваниот одмор.
Риби
Новонастанатите околности ќе бараат од вас да бидете присебни докрај, но и да бидете храбри и подготвени да се борите. Викендот, пак, може да ве разнежни и затоа бидете внимателни да не ветувате премногу, особено кога сте во добро расположение.