недела, 3. декември 2023. Вести денес: 0
home Хороскоп

Неделен хороскоп: Овие знаци ќе блеснат од утре па натаму, еден знак го очекува мали нешта кои ќе му донесат големи резултати

Неделен хороскоп: Овие знаци ќе блеснат од утре па натаму, еден знак го очекува мали нешта кои ќе му донесат големи резултати

ОВЕН

Задржете ја вербата, драги Овни. Конјункцијата меѓу Јупитер и Нептун во Риби е во вашата зона на духовност во вторник и ви помага да имате надеж и верба во непознатото. Бидете храбри и замислете ја својата роденденска желба. Дозволете им на вашите соништа да ви донесат нови почетоци, но и возбудлива втора шанса.

БИК

Време е да им се посветите на оние кои ви значат. Во вторник, конјункцијата на Јупитер и Нептун во Риби е во вашата зона на соработка и пријателства, а тоа значи дека ќе се чувствувате блиско до другите и ќе имате потреба уште повеќе да ги продлабочувате своите односи. Ве очекуваат нови можности, пријателства и менторства во овој период.

БЛИЗНАЦИ

Време е да блеснете. Во вторник, конјункцијата на Јупитер и Нептун во Риби е во вашата зона на кариера и ви носи конкретни визии за она што сакате да го направите и да бидете. Некои Близнаци ќе ја сменат својата животна визија и ќе се чувствуваат добро во однос на тоа. Не се грижете за ништо, само уживајте во процесот.

РАК

Проширете го своето размислување. Во вторник, настапува убава конјункција меѓу Јупитер и Нептун во вашата зона на образование и мудрост, а тоа ви отвора многу нови можности. Вашата љубопитност ќе ве носи кон нови можности, па и држави. Подгответе се за трансформација.

ЛАВ

Не кријте ништо од своите најблиски. Нептун и Јупитер прават конјункција во вторник во вашата зона на интимност и бараат од вас да бидете отворени и искрени. Споделени ги своите надежи, потреби и стравови со друга личност. Ова е храбар потег за вас, ќе бидете горди на себеси.

ДЕВИЦА

Спротивностите навистина се привлекуваат, а оваа недела ќе ви го докаже тоа. Во вторник, конјункцијата на Јупитер и Нептун во вашата зона на романа ви помага да откриете голем потенцијал во една посебна личност која е различна од вас. Ова е момент кога можете да му покажете на универзумот каква романса посакувате и заслужувате.

ВАГА

Важни се малите нешта. Со здружените сили на Јупитер и Нептун во Риби, оваа недела ви носи мали, но значајни промени во вашата благосостојба. Намалете го времето кое го минувате на својот телефон, пијте вода почесто и грижете се за своето здравје. Малите нешта можат да донесат големи резултати.

ШКОРПИЈА

Стапнете цврсто на земја. Во вторник, конјункцијата на Јупитер и Нептун е во вашата зона на самодоверба и сигурност и бара од вас да верувате во себе. Посветете се на активности и стратегии кои ќе ви помогнат да бидете свои, но и кои ќе ви помогнат да верувате во себе.

СТРЕЛЕЦ

Ова е време за најблиските. Здружените сили на Јупитер и Нептун во Риби се во вашиот сектор на домот и емоционалната сигурност, а тоа ќе ве прави посебно заинтересирани да минувате време на места и со луѓе кои прават да се чувствувате како дома. Ова е одличен момент и за преселба на ново место и/или подлабоко поврзување со членови на семејството.

ЈАРЕЦ

Подобрете ја комуникацијата и проширете го својот поглед кон светот. Во вторник, конјункцијата на Јупитер и Нептун настапува во Риби во вашата зона на комуникација и ви помага да го искористите јазикот за да дојдете до нови можности, но и некоја втора шанса. Можете многу да постигнете преку тоа како комуницирате со другите.

ВОДОЛИЈА

Што значи безбедноста за вас? Во вторник, конјункцијата на Јупитер и Нептун е во вашиот сектор на финансии и бара од вас да изградите нов визија во однос на сигурноста која ви е потребна. Ова е транзит кој ќе ви донесе нови навики за трошење и штедење, но и поинакво задоволство од вашата материјална ситуација.

РИБИ

Време е да се остварат вашите соништа. Во вторник, конјункцијата на Јупитер и Нептун е транзит кој ви помага во тоа. Замислете желба и исполнете се себеси со верба и оптимизам дека тоа е можно.