недела, 3. декември 2023. Вести денес: 0
home Хороскоп

Неделен хороскоп: Овој знак го очекува вистинска љубов во пролетта, а еве што ги очекува особено родените во месец март

Неделен хороскоп: Овој знак го очекува вистинска љубов во пролетта, а еве што ги очекува особено родените во месец март

Прочитајте што ги очекува знаците оваа недела.

ОВЕН

Кога се менувате вие, се менуваат и вашите пријателства. Во вторник настапува квадратот меѓу Марс и Уран кој ви помага да се адаптирате на новите познанства поради промените во вашата личност. Во среда, конјункцијата меѓу Меркир и Нептун ви носи силна интуција, но и можност да се опоравите од психичкиот замор и некои лоши искуства. Во недела, Меркур влегува во вашиот знак и ви помага да се изразите подобро со повеќе самодоверба.

БИК

Потребни ви се промени на полето на кариерата? Квадратот меѓу Уран и Марс во вторник ќе ви донесе инспирација да ги смените перспективата и однесувањето во професионалната арена. Конјункцијата меѓу Меркур и Нептун открива нешто многу важно во разговорите со пријателите. Во недела, Меркур влегува во Овен во вашата зона на краеви, а тоа ќе ви помогне да се препуштите на ослободувањето од лошите чувства.

БЛИЗНАЦИ

Имајте верба. Квадратот меѓу Марс и Уран во вторник од вас бара да верувате во процесот за да комплетирате или се ослободите нешто што не ви носи убави емоции. Конјункцијата на Меркур и Нептун во среда ви носи доверба во професионалниот свет. Во недела, Меркур влегува во Овен во вашата зона на пријателства, поврзувајќи се во вашите омилени луѓе.

РАК

Взаемноста е клучна во пријателските односи. Квадратот на Марс и Уран во вторник бара од вас да направите евалуација колку се вложувате во пријателствата и обратно, колку вашите пријатели се даваат себеси во вашиот однос. Во среда, конјункцијата на Меркур и Нептун ве инспирира да го трансформирате својот живот. Во недела, Меркур влегува во Овен во вашата зона на кариерата, правејќи ве поамбициозни и продуктивни.

ЛАВ

Вербата е способност, драги Лавови! Квадратот на Марс и Уран во вторник бара од вас внимателно да изберете како ќе се однесувате додека преминувате од познатото кон непознатото. Конјункцијата на Меркур и Нептун во среда ве инспирира да го продлабочите своето разбирање за сексот и интимноста, а со влегувањето на Меркур во Овен во недела во вашата зона на експанзија, ќе успеете да го примените наученото и да стигнете до долгоочекуваниот успех.

ДЕВИЦА

Држете се и до малата и големата слика. Во вторник, со квадратот меѓу Марс и Уран ќе успеете да се фокусирате на малите и големите детали и ќе успеете да се носите со една ситуација на начин кој ќе ве направи горди. Во среда, конјункцијата на Меркур и Нептун ви помага да ги разберете довербата и границите. Во недела, Меркур влегува во Овен во вашата зона на сексуалноста, носејќи ви силна страст, но правејќи и ве неодоливи за другите.

ВАГА

Оваа недела ви носи самодоверба, но и ранливост. Квадратот на Марс и Сатурн во вторник ви носи силна самодоверба и поттик да бидете отворени во своите барања и комуникација со другите. Во среда со конјункцијата на Меркур и Нептун ќе се посветите на градење здрави навики за успех. Во недела, Меркур влегува во Овен во вашиот сектор на романсата, носејќи ви убави конекции со другите.

ШКОРПИЈА

Што треба да верувате, драги Шкорпии? Во вторник настапува квадратот на Марс и Уран кој ви помага да најдете конкретно однесување што не ви носи доверба во вашиот живот. Конјункцијата меѓу Меркур и Нептун во среда ги лекува вашите љубовни проблеми и ви носи самодоверба и чувство на посилна вредност. Во недела, Меркур влегува во Овен во вашиот сектор на благосостојба и таму го насочува вашиот фокус.

СТРЕЛЕЦ

Време е да гледате појасно, драги Стрелци! Тоа ви го овозможува квадратот на Марс и Уран во вторник со што ќе успеете да обрнете внимание на деталите за да видите појасно и да дојдете до важни увиди. Во среда, конјункцијата на Меркур и Венера ви носи емоционална сигурност бидејќи е поврзана со вашиот дом и семејство. Во недела, Меркур влегува во Овен во вашата зона поврзана со храброста, правејќи ве похрабри и посамоуверени.

ЈАРЕЦ

Како можете да ги усогласите своите силни страни со своите вредности, драги Јарци? Квадратот на Марс и Уран во вторник бара од вас да ги пренесете своите вредности во пракса. Конјункцијата на Меркур и Нептун бара од вас да се поврзете со емоциите и да ги искористите во комуникацијата со другите. Бидете потопли и поотворени. Во недела, Меркур влегува во Овен во вашата зона на емоционална интелигенција, па полесно ќе ви биде да се искажете.

ВОДОЛИЈА

Вашето срце го знае вистинскиот начин. квадратот на Марс и Уран во вторник ви помага да најдете што ви е драго и значајно и да преземете акција. Во среда, конјункцијата меѓу Меркур и Нептун ви носи духовност во однос на вашата финансиска сигурност. Во недела, Меркур влегува во Овен во вашата зона на комуникација носејќи ви огромна моќ во комуникацијата со другите.

РИБИ

Дали сте подготвени за разговор кој ќе ви донесе појасни мисли? Подгответе се за тоа во вторник, кога настапува квадратот на Марс и Сатурн. Во среда, конјункцијата на Меркур и Нептун ви носи повеќе емпатија и љубов кон себеси, а во недела со влегувањето на Меркур во Овен стекнувате повеќе мудрост од она што сте мислеле дека ви е потребно.