Овен
Ви се пружа идеална можност преку старите контакти да си обезбедите работа со скратено работно време што во голема мера ќе ви ја подобри финансиската состојба. Пазете се од личност од деловното опкружување, која на секој можен начин ќе се обиде да ви наштети и да ви ги расипе сите планови. Вашата љубов е верна, но малку го губи трпението. Единствениот што треба да го слушате е вашиот глас на разумот кој никогаш не ве измамил. Пожелно е повеќе време да поминувате надвор.
Бик
Во текот на неделата е можна мала парична добивка, затоа не грижете се однапред бидејќи може да направите погрешен заклучок. Дискусиите денес нема да ви донесат никаква корист, затоа избегнувајте секаква ситуација која мириса на конфликт. Вашиот партнер очекува повеќе чувства. Ако игнорирате нечии потреби, ќе почувствувате контра ефект. Сè што се случува има своја причинско-последична врска. Конечно се чувствувате добро. Сите проблеми кои ве мачеа во претходниот период поврзани со алергиски реакции оваа недела ќе стивнат.
Близнаци
Подготвени сте за нови предизвици. Деловната ситуација ве изнервира минатата недела, па решите да свртите нов лист. Имате аргументи во ваши раце, но сепак внимавајте каков речник користите за да ги претставувате вашите ставови. Сигурно чувствувате нов прилив на енергија што ве води до сентиментални предизвици. Нова љубовна шанса сè уште ве тера да се двоумите, старата љубов ве тера да страдате. Внимавајте на исхраната.
Рак
Загрижени сте за работата, па треба да се консултирате со некого. Слушајте нешто од сите, а потоа направете нов план. Не сте најпаметни и секогаш е добро да се слушне туѓото мислење, без разлика дали се работи за некој со помало искуство од вас. Оваа недела ќе бидете особено шармантни, па ќе освоите неколку луѓе одеднаш. Обидете се да не се отворате премногу и не ги споделувајте вашите успеси со луѓе кои би можеле да ви направат проблеми во ваше отсуство. Треба да внесувате многу повеќе течности во вашето тело.
Лав
Во овој период не донесувате никакви важни одлуки. Почекајте прво да слушнете вести од колегите. Иако сте полни со енергија, се чини дека некој постојано ве блокира. Следните денови ќе ви покажат дали е само параноја или навистина постои кочничар кој го блокира вашето работно место. Постои шанса старата врска да се обнови, само ако сте подготвени да го признаете својот дел од грешката и да заборавите на некои работи. Чувствувате емотивна дилема. Главоболка.
Девица
Ве интересира деловна понуда, но треба да почекате уште малку. Би сакале веднаш да го дознаете епилогот на сѐ, но знаете што велат, среќата е слатка додека се чека. Не ви се допаѓа некој да ви поставува различни услови и да влијае на вашиот деловен ритам. Чувствувате нов емотивен немир, но не сакате да се доверите пред личноста која ве анализира. Оваа недела е исклучително ризична кога е сообраќајот во прашање. Бидете исклучително внимателни.
Вага
Подготвени сте за компромис и дипломатско решение. Сепак, сè се движи премногу бавно за вас. Конечно сте полни со енергија и не дозволувате никој да ве задуши. Не слушате никаков совет однадвор, што е можеби најпаметната работа. Интересно, но вашиот партнер повторно е неверојатно привлечен. Ако сте слободни, ќе освојувате како никогаш досега. Новите емотивни предизвици лесно можат да ве вознемират. Кога е здравјето во прашање, имавте исклучително лош период полн со осцилации.
Скорпија
Неделава ќе давате сѐ од себе, но нема да можете да престанете да се нервирате. Секој збор ви изгледа преголем. Ќе имате неочекувани трошоци кои ќе ви го оптоварат слабиот буџет. Не можете да излезете на крај. Партнерот ве гледа со восхит. Слободните Скорпии се подготвени да се покажат најдобро што можат. Ќе добиете неочекувана покана да седнете со личност која долго време не сте ја виделе, со интересно друштво кое ќе биде таму. Проверете ја крвната слика.
Стрелец
На деловен план, нови можности и нови промени, но слушајте се само себеси. Отсуството на менаџмент добро ќе ви дојде за да завршите некоја приватна работа која не сте во можност да ја завршите по работниот ден. Имате добар план и строго се придржувате до воспоставениот деловен договор. Своеглави сте и аналитични кога е љубовта во прашање. Опуштете се бидејќи нема причина да се оптеретувате поради нешто што не можете да го промените. Чувствителни сте на зглобовите.
Јарец
Мора конечно да ја покажете таа незгодна карактерна особина, бидејќи некој од друштвото ве смета за слабак. Не дозволувајте колегите да ви се смеат зад грб. На љубовен план, старата љубов ќе се обиде да го обнови контактот, но мотивите нема да бидат од романтична природа, туку деловен предлог, што повторно е добра причина да се видите, да поразговарате и ако сѐ биде во ред, можеби некои стари чувства повторно ќе се појават во иднина. Избегнувате да одите на стоматолог.
Водолија
Оваа недела ќе помине без никакви проблеми. Ќе можете да се опуштите и можеби да завршите некоја приватна работа во текот на работната недела. Слободните Водолии ќе почувствуваат уште поголема потреба за заедништво оваа недела, но вие сепак премалку работите на конкретниот план. Имате впечаток дека вашиот партнер е преокупиран со некои настани за кои не сте доволно информирани, а тоа дополнително влијае на вашата емоционална вознемиреност. Немате поголеми здравствени проблеми.
Риби
Подготвени сте за нови предизвици, па максимално ќе се подготвувате за нив. Сè додека никој не ве кочи, чувствувате вистинска благосостојба. Колега/колешка со кого/која долго време не сте во добри односи пријатно ќе ве изненади со предлог за заедничка соработка на нов проект. Цела недела сте многу убави и за себе и за другите и се чувствувате донекаде слободни. Партнерот ве обожава, додека слободните Риби ќе бидат мета на набљудувачи. Недостаток на витамини.