петок, 9. февруари 2024. Вести денес: 0
home Хороскоп

НЕДЕЛЕН ХОРОСКОП: Што Ве очекува од 15 до 21 јули?

НЕДЕЛЕН ХОРОСКОП: Што Ве очекува од 15 до 21 јули?

Топлото лето е тука, но оваа недела тоа носи стрес на работа и несоница за дел од хороскопските знаци.

ОВЕН

Работа

Оваа недела ќе бидете малку загрижени за плановите кои не тргнале во насоката која ја посакувате. Време е да бидете искрени со себе и да утврдите што точно сакате.

Љубов

На ова поле ви оди добро. Работите конечно се смируваат и конечно можете да стивнете и уживате во љубовта.

Здравје

Одмарајте повеќе оваа недела.

БИК

Работа

Sвездите ви се наклонети на ова поле. Продолжете на истиот начин, бидејќи ви оди добро. Само внимавајте на финансиите за да не трошите многу.

Љубов

Во вашиот живот влегува нова личност на која нема да можете да и одолеете.

Здравје

Вежбајте повеќе и водете сметка за своето здравје.

БЛИЗНАЦИ

Работа

Стресниот период поминува и конечно можете да одморите. Не се нервирајте за глупости, бидејќи сите лоши нешта се позади вас. Време е за нови планови.

Љубов

Страстите се стишуваат, а вие не знаете што сакате.

Здравје

Не се нервирајте толку, бидејќи нема потреба.

РАК

Работа

Уште една недела полна со нервози, но вие сте оптимистични дека работите ќе тргнат на подобро. Тоа е најдобриот пристап.

Љубов

Потребно ви е време да се дистанцирате од партнерот и пријателите. Сакате малку да сте сами оваа недела.

Здравје

Намалете ја нервозата.

ЛАВ

Работа

Доминирате на работа,но тоа на соработниците не им се допаѓа. Тие би сакале да сте помалку успешни.

Љубов

Партнерот ви е најголема поддршка оваа недела.

Здравје

Одмарајте и спијте повеќе.

ДЕВИЦА

Работа

Ве исцрпува напорната работа, потребен ви е одмор или патување.

Љубов

Партнерот го мачат проблеми, а тоа влијае и на вас. Затоа одморот е најдобра одлука.

Здравје

Здравјето е добро.

ВАГА

Работа

Ве очекуваат финансиски успеси за кои не сте ни сонувале дека ќе се случат. Најдобрите работи се случуваат кога најмалку се надевате.

Љубов

Постојано ги криете емоциите, но оваа недела потребно е да сте поотворени и искрени.

Здравје

Здравјето се подобрува.

ШКОРПИЈА

Работа

Доаѓаат мали финансиски проблеми, кои не можевте да ги предвидите досега. Ова е потежок период за вас.

Љубов

Одмор покрај партнерот е тоа што го посакувате оваа недела.

Здравје

Нервоза.

СТРЕЛЕЦ

Работа

Ја постигнавте целта, сега треба да уживате. Одморете, а потоа посветете се на новите планови.

Љубов

Љубовта цвета, ве очекува романтична недела.

Здравје

Вежбајте повеќе.

ЈАРЕЦ

Работа

Вие сте личност која лесно ги решава проблемите, па тоа се очекува од вас. Не знаете кому да верувате, па затоа не се потпирате на другите.

Љубов

Пуштате се да оди по својот тек.

Здравје

Несоница.

ВОДОЛИЈА

Работа

Кој не ризикува, тој не добива. Вашата финансиска состојба може да се подобри, но само ако преземете некаков ризик.

Љубов

Имате поважни проблеми, но партнерот не го разбира тоа.

Здравје

Болка во грбот.

РИБИ

Работа

Плановите ви одат од рака оваа недела, а тоа се одразува и на вашата финансиска ситуација.

Љубов

Не ви цветаат рози. Депримирани сте и многу чувствителни.

Здравје

Нервоза и стрес.