петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хороскоп

Овенот креативен, Јарецот ќе добие нова понуда за работа

Овенот креативен, Јарецот ќе добие нова понуда за работа

ОВЕН

Многу сте креативни и смислувате необични начини за решавање на работните проблеми. Имате нагласена потреба за блискост со партнерот и инсистирате врската да биде од интензивен тип. Главоболка.

БИК

Има одговорен, сериозен и детален пристап на работа. Ниту една ситница не може да ви „помине“.Партнерот е нервозен, а вие имате впечаток дека сака да се „истресе“ на вас. Минлива нервоза.

БЛИЗНАЦИ

Се чувствувате неуспешно. Што и да пробате, имате впечаток дека работата не се мрднува од мртва точка. Го менувате односот кон партнерот. Почнувате непотребно да анализирате. Физички не сте лоши, но психолошки сте потонати.

РАК

Добивате нова понуда. Одлична е во работна смисла, но во финансиска незадоволувачка. Не сте задоволни од емотивната ситуација и неможноста да запознаете некоја интересна личност. Солидно здравје.

ЛАВ

Упорно се обидувате да ги постигнете целите. Препреки има премногу, и некои планови нема да ги остварите. Поволен ден за ново познанство кое поради двостраната пасивност нема да се развие. Добро се чувствувате.

ДЕВИЦА

Имате лоша комуникација со колегите. Едвај се воздржувате да не избувнете и не кажете отворено што мислите. Во емотивно исчекување сте на нови случувања. Променливо расположение.

ВАГА

Ако се занимавате со приватна работа, размислувате за проширување на тимот. Имате одредена личност на ум. Го откажувате состанокот со партнерот затоа што не се чувствувате добро. Партнерот се грижи. Не сте расположени.

ШКОРПИЈА

Работата е во застој и имате впечаток дека баш ништо не може да направите по тоа прашање. Поволен ден за средба со партнерот. Тој ве разбира и ве поддржува, и имате впечаток дека без него не можете. Чувствителни коски.

СТРЕЛЕЦ

Уживате во работата, полни сте со позитивна енергија, самоуверени и делува дека постигнувате успех со леснотија. Ако сте во брак, следува сериозен разговор со партнерот. Стабилно здравје.

ЈАРЕЦ

Добивате нова работна понуда која не ви одговара во финансиска смисла. Без дилеми ја одбивате. Ако сте слободни, ве очекува познанство преку работа. Грлото е чувствително.

ВОДОЛИЈА

Доколку се занимавате со приватна работа, се распрашувате што е потребно од документи за кредит. Ова поле не ве интересира. Внимавајте на главата.

РИБИ

Одлични сте на полето комуникација. Оставате културен впечаток, толерантни сте и се постигнувате на мирен начин. Не сте задоволни од односот на партнерот кој варира. Одлично здравје.