вторник, 9. април 2024. Вести денес: 0
home Хороскоп

Овенот подготвен за нова врска, Шкорпијата подготвена за брак

Овенот подготвен за нова врска, Шкорпијата подготвена за брак

ОВЕН

За финансиите ви е поволен ден и може да очекувате некој прилив на пари кој ќе ви биде значаен. Пред вас е фаза која носи емотивни промени. Подготвени сте за нова врска. Проблеми со штитната жлезда.

БИК

Избегнувајте да се занимавате со работа која би можела во било која смисла да ви претставува некој вид ризик затоа што не е време за тоа. Повредени сте и кон саканата личност сега чувствувате само разочарување. Посетете лекар.

БЛИЗНАЦИ

Денот не е поволен, па би било добро денеска на ги намалите своите очекувања. Прекинот на тајната врска ве погодува во емотивна смисла, но чувствувате дека е време да продолжите понатаму. Несоница.

РАК

Пред вас е поволен период во кој може да очекувате остварување на работни проекти. Водите внатрешни борби затоа што не сте сигруни која личност би требало да ја изберете за себе. Проблеми со нервниот систем.

ЛАВ

Пред вас е ден кој ви носи грижи на работното поле. Можно е некои проблеми изненадувачки да ви се појавуваат. Доколку ви се допаѓа Шкорпија, можна е врска со страст. Чувствителна кичма.

ДЕВИЦА

Во следниот период ќе имате доста работни компликации кои на некој начин ќе ве оптоваруваат. Емоциите ви се будат сосема неочекувано, и тоа кон личноста која порано воопшто не сте ја приметувале. Внимавајте со проблемите за црниот дроб.

ВАГА

Може да очекувате шанса на работното поле да остварите напредок со помош на вашите соработници. Ве очекува фаза во која со саканата личност ќе имате некои несогласувања. Внимавајте на крвотокот.

ШКОРПИЈА

Прекин на соработката на некој начин може да ве изненади. Ова не е период во кој очекувате било какви промени. Пред вас е фаза во која ќе покажете дали сте подготвени за брак. Проблеми со кожата.

СТРЕЛЕЦ

Проблемите се нижат еден на друг и не сте сигурни на кој начин да излезете на крај со нив. Ако ви се допаѓа некој од вашите пријатели, ќе биде тешко да покажете и да ги признаете своите чувства. Пад на имунитетот.

ЈАРЕЦ

Пред вас е поволен период да се посветите на остварување на работните задачи. Судбината ќе биде на ваша страна. После многу бурни случувања на љубовното поле, конечно, настапува период на стабилизација. Проблеми со аритмија.

ВОДОЛИЈА

Не е претерано поволен ден за приватна работа. Може да очекувате потешкотии. Ако сте во брак, не ви е лесно со сакнаата личност да остварите стабилен однос, и често се карате. Проблеми со варењето.

РИБИ

Потрудете се да бидете подготвени своите работи да ги одработувате на време и да избегнувате одложување на обврските. Мал ризик ќе ви се исплати кога е во прашање љубовта. Дошол моментот да ги покажете своите чувства. Проблеми со очите.