вторник, 28. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хороскоп

Пет хороскопски знаци кои ќе „пливаат“ во пари во март, а еве кој ќе добие работа преку врски

Пет хороскопски знаци кои ќе „пливаат“ во пари во март, а еве кој ќе добие работа преку врски

Лав, Рак, Водолија, Бик и Скорпија се петте хороскопски знаци кои ќе имаат многу пари во месец март.

ЛАВ
По кризниот период во јануари и февруари на финансиски план ви пристигнува март, кој ќе ви донесе голем прилив на пари. Сонцето, Меркур и Јупитер во Риби ви носи можност да го решите прашањето со наследство. Исто така, на Лавовите ќе им се отвори можност да добијат спонзорство за некој проект. Одличен месец е за располагање со туѓ имот.

РАК
Сонцето во Риби ви носи пари од странство. Тоа може да биде и соработка со странска фирма со која можете да заработите повеќе пари. Исто така, планетите во деветтото поле ви носат можност да добиете платено патување.

ВОДОЛИЈА
Ова е година полна со изненадувања за вас. Вие веќе материјално сте обезбедени, а во март планетите работата за вас, па ќе имате можност да заработите повеќе пари и на основа на додатна работа. Припрадниците на овој знак ќе добијат понуда за подобро платена работа.

БИК
Меркур во Риби ви носи можност да заработите со пријателите. Личност која е во воден знак а со која вие се дружите ќе ви понуди можност да заработите пари на основа на некој заеднички проект. Исто така, ова е прилика да добиете работа „преку врски“.

СКОРПИЈА
Се што ќе работите ќе ви се исплати. Ако имате хоби, март е вистинско време тоа да ви биде примарна работа од која ќе заработувате. Исто така, ако се занимавате со угостителство или спорт за вас март ќе биде доста успешен.