вторник, 30. јануари 2024. Вести денес: 0
home Хороскоп

Ракот емотивно незадоволен, Вагата сака да се вљуби

Ракот емотивно незадоволен, Вагата сака да се вљуби

ОВЕН

Фрустирани сте од незадоволувачката работна соработка и сега конечно ја прекинувате. Ви претстои ново познанство со личност која ја доживувате како многу силна и стабилна личност. Задоволително здравје.

БИК

Се посветувате на надминување на тешкотиите кои го забавуваат процесот на работа. Не сте задоволни од односот со брачниот партнер. Дошло до оддалечување и сметате дека односот не може да се поправи. Внимавајте на исхраната, можни се проблеми со стомакот.

БЛИЗНАЦИ

Ве очекува успешен разговор со надредената личност. Емотивната сфера е блокирана. Ниту некој ве интересира, ниту некој покажува интерес за вас. Ако се појават проблеми со кожата, реагирајте веднаш.

РАК

Се фокусирате на соработка со странците. Тоа е една од ретките области која нормално се одвива. Емотивно сте незадоволни, било да сте сами или да имате партнер. Се посветувате на здрава исхрана.

ЛАВ

Фокусирани сте на работните проблеми. Мотивирани сте, затоа што сте свесни дека со решавање на проблемите ќе почнете нов процес. Емотивната сфера не ве интересира, така што нема никакви случувања. Болки во зглобовите.

ДЕВИЦА

Ве исфрлаат од такт работните промени кои бараат соработници. Иако се е договорено, такво однесување го сметате за неодговорно. На емотивното поле ништо не се случува. Чувствителни нерви.

ВАГА

Ситуацијата е стабилна, и работната и финансиската. Незадоволство. Не ви годи самотијата, и посакувате да се вљубите и да влезете во врска или брак. Се е под контрола на ова поле.

ШКОРПИЈА

Чувствувате олеснување поради решението на проблемите и конечно воспоставување на нормален работен процес. Емотивно сте исполнети. Впрочем, областа љубов е таа која ви дава сила да бидете успешни во другите сегменти. Проблеми со гениталиите.

СТРЕЛЕЦ

Не ви одговора да бидете на работа каде нема многу обврски и предизвици. Тргнувате во потрага за нова работа. Вљубени сте и другата страна не ја гледате реално. Претерувате со љубомората. Проблеми со алергии.

ЈАРЕЦ

Не успевате да ги надминете работните проблеми. Работата стагнира, а вие сте фрустрирани. Емотивно сте незадоволни, но немате желба да направите ништо по прашањето на промена на ситуацијата. Притисокот ви варира.

ВОДОЛИЈА

Ве погодува губењето на судски процес. Иако тоа било за очекување, сепак, сте се надевале дека пресудата ќе биде во ваша корист. Нерасположени сте за дружење и средба со саканата личност. Ве очекуваат проблеми со стомакот.

РИБИ

Работата нормално се одвива. Надредената личност ви упатува зборови на пофалба поради држењето на работната ситуација под контрола. Емотивно сте неисполнети. Сакате да го решите проблемот со партнерот, но не и другата страна. Добро се чувствувате.