понеделник, 1. јануари 2024. Вести денес: 0
home Хороскоп

Ракот ќе најде нова љубов, Вагата да го слуша инстиктот

Ракот ќе најде нова љубов, Вагата да го слуша инстиктот

ОВЕН

Лекциите кои сте ги научиле во минатиот период, конечно, ќе може да ги примените и да наидете на разбирање и поддршка. Се чувствувате тесно во својата кожа, партнерот може да ви биде здодевен, а желбата за запознавање нови луѓе е нагласена. Потребно ви е повеќе сон.

БИК

Наградата и напредокот се сосема извесни како конечно решение на некој проблем кој датира од порано, со кој веќе долго време се мачите. Можете да влезете во краткотрајна врска, но исто така и лесно да ја прекинете. Опуштете се со драги луѓе.

БЛИЗНАЦИ

Само што сте помислиле дека решение можеби нема и покрај тоа што се трудите, тоа стигнува. Чувството ќе биде фантастично. Дружете се што повеќе, запознавајќи други, подобро ќе се запознаете себе си. Проблеми со синусите.

РАК

Се трудите на вообичаениот ритам и работа која знаете да ја работите, затоа што тука сега „лежи“ можноста за напредок. Слободните Ракови ќе најдат нова љубов која ќе ја запознаат преку работа. Проблеми со циркулација.

ЛАВ

Денешниот ден носи можност за судир со претпоставените поради различност во ставовите и идеите. Можно е да вљубите, но и да страдате, затоа што ќе мислите дека партнерот не може да ги разбере вашите чувства и потреби. Минлива кашлица.

ДЕВИЦА

Нагласено е недоразбирањето со колегите кои може да помислат дека сте премногу директни и искрени за нивен вкус. Неопходно е да избегнувате сериозни разправи кои сигурно ќе ве воведат во караници, а тоа вие не го сакате. Воспаленија се можни.

ВАГА

Желба за промена на работното опкружување и работа е нагласена, и тоа не е залудно. Слушајте ги своите инстикти. Ви се „насмевнува“ љубов со личност која е помлада, присутна е значајна разлика во годините, а личноста ќе ја најдете преку пријател. Вкочанетост.

ШКОРПИЈА

Многу од вас сериозно ќе размислувате околу дополнително школување и образование. За зафатените ова е посебно предизвикувачки ден за влез во љубовни врски, тајна љубов, а можно е да мислите дека партнерот ве изневерува. Добро здравје.

СТРЕЛЕЦ

Посебно поволен ден за работа во група, за личности кои се занимаваат со уметност, како и за хумани професии. Големиот дел од припадниците на овој знак очекуваат радикални промени и на љубовен план. Проблеми со притисокот.

ЈАРЕЦ

Пречувствителност е нагласена, но насочувањето на енергијата на други и на грижа за другите, може да ја намали оваа неповолност. Прифаќањето она кое е моментално пред вас, се отворате за нови видици било да сте во врска или сами. Водете сметка околу главата.

ВОДОЛИЈА

Се укажуваат некои нови шанси. Многу од вас ќе размислуваат за промена на работата. Станувате екстремен кон партнерот и не водите сметка за последиците. Пад на имунитетот.

РИБИ

Конечно дошло до олеснување и раст на ентузијазмот. Ви се враќа животната енергија, па ќе бидете отворени. Искористете го денот да ја поправите комуникацијата со партнерот. Внимавајте со внесот на шеќери во организмот.