понеделник, 5. февруари 2024. Вести денес: 0
home Хороскоп

Ракот подготвен за промени, Бикот многу вљубен

Ракот подготвен за промени, Бикот многу вљубен

ОВЕН

Задоволни сте од моменталната ситуација на работа, може да очекувате поволен период. Не ве очекуваат турбулентни случувања. Со саканата личност добро знаете на што сте. Внимавајте на хормоните.

БИК

Големите очекувања кои ги имате на ова поле, би можеле да ви донесат разочарување. Многу сте вљубени во саканата личност кон која имате длабоки и искрени чувства. Проблеми со мигрената.

БЛИЗНАЦИ

Ова е погрешен момент за нови предизвици и нови работи. Бидете трпеливи. Многу ви се допаѓа една личност која засега не покажала било каков интерес. Проблеми со циркулација.

РАК

Конечно дошло време за некои позитивни пресврти на ова поле. Се чувствувате подготовени за промени. Една нова личност, која би можела да биде интересна, наскоро ќе се појави во вашето опкружување. Добро се чувствувате.

ЛАВ

Полека доаѓате до унапредување и задоволни сте од околностите во кои се наоѓате на ова поле сега. Сакате да бидете во врска со личноста која ви ветува дека ќе бидете долго заедно и дека ќе градите заеднички однос. Ќе ви годи масажа.

ДЕВИЦА

Можно е денеска да имате повеќе работа од што сте очекувале, што би можело да ви падне тешко. Уживате во необврзувачки флерт со личноста која ви значи, и подготвувате терен за почеток на врска. Занимавајте се со спорт.

ВАГА

Денеска ве очекува напната атмосфера на работа затоа што нема да успеете да го остварите она што сте го замислиле. Сте одлучиле овеќе да не го криете своето незадоволство и отворено да и ги покажете на саканата личност своите чувства. Слаба циркулација.

ШКОРПИЈА

Подготовени сте за големи промени на ова поле и чувствувате дека е време работите да се свртат. Помеѓу вас и личноста која ви значи, постојат пречки кои не можете лесно да ги прескокнете. Ќе ви годи масажа.

СТРЕЛЕЦ

Се наоѓате на раскрсница и не сте сигурни во кој правец треба да тргнете кога се во прашање некои нови работни одлуки. Ќе минете убав ден со саканата личност. Ве очекува поволен период на ова поле. Водете сметка за црниот дроб и бубрезите.

ЈАРЕЦ

Денешниот ден за вас не носи големи промени на работа. Ситуацијата ви останува по старо. Саканата личност покажува многу недоверба, а нејзиниот став ве навредува. Можете двајцата да бидете наклонети кон караници. Под стрес сте.

ВОДОЛИЈА

Денеска сте некако дистанцирани од работното опкружување и не наоѓате волја да се посветите на своите обврски. Партнерот очекува почнување на поголеми промени во вашата врска, но вие и понатаму сте на некој начин пасивни. Проблеми со грлото.

РИБИ

Можно е бројните несогласувања на работа да ви направат некои поголеми компликации. Саканата личност делува оддалечено од вас, и тоа не ви се допаѓа. Ве очекува неповолен период. Чувствителен врат и рамења.