вторник, 9. април 2024. Вести денес: 0
home Хороскоп

Ракот пред големи трошоци, можност за нова врска кај Водолијата

Ракот пред големи трошоци, можност за нова врска кај Водолијата

ОВЕН

Ве очекуваат некои проблеми кои во прв здив нема да ви бидат лесни. Новото познанство кое е пред вас во вашиот живот носи здрав и возбудување. Внимавајте на желудникот, менувајте ја исхраната.

БИК

Доколку сте за занимавале со приватна работа, носите одлука околу тоа својата среќа да ја пронајдете некаде на друго место. Ве очекува почеток на врска која во вашиот живот внесува многу задоволство и љубов. Проблеми со срцето.

БЛИЗНАЦИ

Чувајте се од соработниците кои ви завидуваат. Би можеле да имате проблеми поради суетите на луѓето од вашето опкружување. Не сте задоволни од односот кој го имате со саканата личност. Вашата врска оди во лош правец. Проблеми со стопалата.

РАК

Можно е да имате големи трошоци. Денешниот ден ви носи ризик од некоја загуба. Не сте фокусирани на односот со саканата личност и поради тоа вашата врска влегува во криза. Добро здравје.

ЛАВ

Ве очекува поволен ден кога е во прашање работата. Ќе успеете да ги остварите своите планови со леснотија. Ви се допаѓа личност која делува оддалечено од вас. Ќе ви биде потребно време да и пријдете. Внесувајте помалку мрсна храна.

ДЕВИЦА

Подобрувањето на полето финансии ве радува и ви носи чувство на сигурност. Полека ви расте самодовербата. Имате чувства кон личност која ја познавате преку работа. Подготвени сте за врска. Избегнувајте алкохол.

ВАГА

Очекувајте дека ќе успеете да остварите работни промени за кои размислувате долго време. Саканата личност ќе ви покаже дека е подготвена максимално да се посвети на вашиот однос. Водете сметка околу внесувањето течности.

ШКОРПИЈА

Имате многу обврски и подготвени сте да ги прифатите. Може да очекувате поволен период.Ве очекува прилика за ново познанство кое ќе ви донесе желба да пробате повторно искрено да сакате. Пад на имунитетот.

СТРЕЛЕЦ

Можно е денеска да сакате слободен ден. Подготвени сте да се посветите на себе и работата да ја оставите на страна. Посакувате нови познанства во следниот период. Потребна ви е нова љубов. Мал пад на енергијата.

ЈАРЕЦ

Не сакате повеќе да ја работите работата која не ви носи приходи на кои сте се надевале. Надевајте се на убав ден со саканата личност. Романтични сте и нежни еден кон друг. Ќе ви годи физичка активност.

ВОДОЛИЈА

Ќе оставите добар впечаток врз работното опкружување. Може да очекувате поволен ден за остварување на мали цели. Ви се отвора можност за почеток на нова врска. Подтовени сте да уживате со вашата симпатија. Посетете лекар.

РИБИ

Ве очекуваат позитивни вести во врска со работата. Може да очекувате едка судбината ќе ви биде наклонета. Пред вас е романтичен ден. Подготвени сте да се посветите на вашиот партнер. Менувајте ги лошите навики.