понеделник, 1. јануари 2024. Вести денес: 0
home Хороскоп

Ракот со искрени намери, Вагата со одлични идеи

Ракот со искрени намери, Вагата со одлични идеи

ОВЕН

Не е лоша идејата која ја имате, но моментално сконцентрирајте се на моменталните случувања и позицијата која ја имате. Не сте задоволни од партнерот во целост. Следете ја ситуацијата, но не избувнувајте. Бидете поопуштени.

БИК

Вашата работна страна може да биде задоволувачка во онаа мера колку што сте задоволни од својата работа. Сте посакале слобода која е далеку од вас. Константно мислите на саканата личност. Грлото ви е чувствително.

БЛИЗНАЦИ

Можеби и премногу сте се потпреле на други луѓе и ја гледате нивната маана. Бидете конкретни и брзо реагирајте. Сакате да си играте и да заведувате, и слободно впуштете се во авантура. Солидно здравје.

РАК

Тимската работа ви е најважна, а на чело е личност која знае да биде лидер. Вашите намери се искрени. Сликата ќе биде многу подобро за некое време. Не ви годи моменталната терапија.

ЛАВ

Понекогаш не се контролирате во својот настап, кој је протежиран со наметнување на својата волја кон другите. Ќе бидете концентрирани кон нешто подобра љубовна солуција и немате намера да се отворате пред непознати личности. Срцева аритмија.

ДЕВИЦА

Мора да бидете известени за се што се работи моментално во вашето опкружување. Ќе сакате многу подобар партнер, но кога подобро ќе размислите, добро ви е и со сегашниот. Кашлица.

ВАГА

Имате одлични идеи за нешто подоцна. Чекајте нови моменти во кои може да ги „берете“ своите плодови од успешната работа. Премногу сте дозволиле на својот партнер, а тој не умее тоа да го цени. Немате големи проблеми со здравјето.

ШКОРПИЈА

Надевајте се на подобра финансиска ситуација од која и самите ќе се изненадите. Останувате финансиски расположени за своето опкружување, а интензивно се дружите со партнерот и ја засилувате комуникацијата. Чувствителни сте на одредена храна.

СТРЕЛЕЦ

Ќе бидете концентрирани кон странство, но не во онаа мера колку што сте сакале. Сакате да излегувате. Имате нагласено поле на емоции и го сакате партнерот крај себе. Проблем со крвниот притисок.

ЈАРЕЦ

Немојте да влегувате во расправии со своите надредени. Бидете пристојни и истрајни. Премногу сте искрени, но и пасивни кога е емотивното поле во прашање. Посетете фитнес центар.

ВОДОЛИЈА

Имате одлични идеи, но внимавајте, затоа што може да наидете на негативни коментари. Не смеете да се оддалечувате од оние кои ве сакаат. Не покажувајте силен став за многу работи. Чувајте се од настинка.

РИБИ

Можеби сте подготвени за поголем предизвик, но се чувствува мал застој околу хартии и неможноста да се платат долгови од порано. Сконцентрирајте се на важни детали и не пробувајте некој од порано да го „давите“ со своите приказни. Направете систематски преглед.