сабота, 20. јануари 2024. Вести денес: 0
home Хороскоп

Рибите ангажирани на сите страни, Ракот ќе има неочекувана поддршка

Рибите ангажирани на сите страни, Ракот ќе има неочекувана поддршка

ОВЕН

Беспотребно го трошите времето на организација за патување, а не сте сигурни дека е изводливо Суштински работи не сте довршиле. Проверете ги документите, условите на патување како и средствата кои ви се потребни. Може да ви биде многу комплицирано патување.

БИК

Имаше шанса идеите, кои досега биле неразбрани, конечно ги презентирате и да добиете поддршка од колегите од кои најмалку сте очекувале. Ви следува официјално запознавање со влијателна личност која ја познавате од гледање.

БЛИЗНАЦИ

Прифаќате работи кои вашите соработници требало да ги завршат. Од некои причини, сте замислиле дека ваша должност е да се жртвувате. Моменталниот фокус насочете кон љубовниот живот, затоа што саканата личност можеби е осамена.

РАК

Доколку имате проблематични односи на работа, овој ден ви носи вистинско откровение. После распределбата на задолженија, ви стигнува неочекувана поддршка од страна на личност која досега не ви беше пријателски наклонета.

ЛАВ

Вклучете ги соработниците и направете план за колективна работа. Успехот е можен само на таков начин. Вашата заедничка работа ја одработувате со големо задоволство, така што успехот е извесен. Внимавајте на финансиите, ве очекува непланиран трошок.

ДЕВИЦА

Не сте сигурни што сакате. Можно е мало подобрување на расположението иако некои проблеми и натаму се присутни. Сепак, може да здивнете затоа што денешниот ден не носи ниту лошо, ниту добро.

ВАГА

Немојте да се „трупате“ со нови обврски, туку минете го денот со минимални работни активности. Наскоро ве очекува прилив кој во целост ќе ги промени околностите во кои се наоѓате, а со тоа ќе ја намали напнатоста во која се наоѓате.

ШКОРПИЈА

Односот со саканата личност не оди онака како што сакате. Можеби таа помалку ве разгалила па без свесна намера сте влегле во улога на „жртва“ на која се и е допуштено. На другата страна таквата атмосфера може да и стане здодевна, а кога ќе се освестите, тоа ќе биде предоцна.

СТРЕЛЕЦ

Во љубовните односи сте премногу ноншалантни. Вашата желба за слобода може да биде почеток за непријатни расправии. Доколку не станете сериозни и не ги прифатите критиките, обичната рапсрава може да прерасне во сериозна караница.

ЈАРЕЦ

На праг сте на промени со кои една фаза од вашиот живот ќе заврши. Не очекувајте брзи решенија, затоа што трансформацијата ќе потрае. Освен тоа, пред вас е контакт со постара личност која во животот ви носи добри шанси и важни животни лекции.

ВОДОЛИЈА

Може да се случи од вас да излезе информација која некој ќе ја злоупотреби. Не ви е лесно да замолчите, но тоа ќе биде најдобро. Внимавајте што зборувате, дури и во опкружувањето кое нема никаква врска со вашиот професионален живот.

РИБИ

Ангажирани сте на сите страни. Без оглед на тоа што напорно работите и во тоа уживате. Водете сметка за својата физичка кондиција, затоа што неуреден живот и заморот го земаат данокот. Ако не сопрете, ви престои сериозен пад на енергијата и настинка.