вторник, 12. март 2024. Вести денес: 0
home Хороскоп

Рибите да избегнуваат импулсивни реакции, Овенот подготвен за брза акција

Рибите да избегнуваат импулсивни реакции, Овенот подготвен за брза акција

ОВЕН

Можеби вашите очи не гледаат се што има на ум вашиот партнер. Важно е да постои емотивен договор и разбирање од двете страни. Нечија идеја или понуда е позитивен настан за вас. Подготвени сте да запознаете различни луѓе, но и за брза акција. Треба да акумулирате позитивна енергија.

БИК

Партнерот одеднаш донесува нова одлука која не сака да ја објасни. Бидете доволно трпеливи, се ќе си дојде на свое место. Премногу ги форсирате личните цели, па вашите соработници реагираат на различни начини. Важно е да одржувате добри односи со соработниците. Обидете се да ја подобрите вашата концентрација и кондиција.

БЛИЗНАЦИ

Вашиот партнер го очекува оригинален настап и одредени заводливи манири. Не штедете на вашите чувства и внимание. Искористете ги вашите интелектуални способности за решавање на деловните дилеми, важно е да покажете знаење и практични решенија. Имате одлично расположение и имате доволно енергија.

РАК

Саканата личност има разни замерки за вашето однесување. Размислете за вашите грешки и не игнорирајте нечие „предупредување“. Треба да ги контролирате лошите навики, нема причина да се истакнувате пред личност која има различни деловни стандарди. Ќе уживате во активен одмор и неколкучасовен здрав сон.

ЛАВ

Обидете се да разберете нечија „емоционална слабост“ или недостаток на храброст да одговорите на вашите потреби. Бидете трпеливи. Ве очекуваат различни проблеми во комуникацијата со соработниците. Некој се обидува да ве убеди во нивните добри намери. Важно е да се постигне внатрешна рамнотежа.

ДЕВИЦА

Ви годи дополнително внимание и размена на нежности во однос на саканата личност. Некој ги освојува вашите симпатии и емоционална наклонетост. Нема причина да ги мистифицирате вашите деловни и финансиски планови или да игнорирате нечие присуство и влијание. Овозможете си повеќе релаксација, ќе ви годи прошетка во природа.

ВАГА

Со вешти потези можете да ги реализирате вашите емотивни намери. Партнерот ви угодува на различни начини, додека вие задоволно се смеете. Поттикнете ја љубопитноста и креативното расположение. Во средбата со соработниците ве очекува ново или поучно искуство. Во одлична форма сте.

ШКОРПИЈА

Не сакате утеха, но за жал она што се случува меѓу вас и вашиот партнер, однапред ве потсетува на „режирана игра“. Забележувате дека некој има негативно влијание врз вашите соработници. Затоа, не влегувајте во контроверзи. Ќе ви годи психофизичка релаксација и одмор.

СТРЕЛЕЦ

Партнерот вешто крие дел од вистината. Понекогаш не е лесно да се докаже вистината, дури и кога сите предности се на ваша страна. Нема потреба да ги обвинувате другите за лошата проценка. Погрижете се правилно да го поправите вашето однесување. Ќе уживате во некои од техниките на психолошка релаксација.

ЈАРЕЦ

Залудно размислувате за возбудлива средба или погрешна личност која не е во вашиот емоционален дофат. Делувате нетактично при средбата со вашите соработници и упорно се обидувате да ги наметнете своите ставови. Важно е да ја контролирате импулсивната страна на вашата природа.

ВОДОЛИЈА

Се чувствувате емотивно несигурно, но со прикривањето на вистината оставате лош впечаток на оние околу вас или на саканата личност. Не ви се допаѓа нечие однесување, но не можете да ги промените условите што ги диктираат вашите соработници. Положбата на Месечината влијае на вашата преосетливост.

РИБИ

Повнимателно слушајте и анализирајте ја пораката на партнерот. Не игнорирајте нечии зборови. Понекогаш е тешко да се признае поразот, но тоа е првиот чекор што води до психолошко олеснување. Избегнувајте импулсивни реакции.