вторник, 12. март 2024. Вести денес: 0
home Хороскоп

Рибите да подготват резервен план, флертувањето на Овенот на работа може да се претвори во страсна врска

Рибите да подготват резервен план, флертувањето на Овенот на работа може да се претвори во страсна врска

ОВЕН

Овој ден може да ви донесе ненадејно службено патување и успешни деловни преговори. Финансиската состојба ви се подобрува. Флертувањето на работа може да се претвори во страсна љубовна врска и нешто многу повеќе отколку што очекувавте. Солидно здравје.

БИК

Тесните врски ќе донесат негативна струја во атмосферата на овој ден. Бидете внимателни и бирајте зборови во односите со колегите и претпоставените. Венера минува низ вашето поле на емотивни врски и ќе ви донесе вистински бум во односот со партнерот. Солидно здравје.

БЛИЗНАЦИ

Важен деловен состанок ќе одлучи за понатамошната насока на вашиот бизнис. Вашата сугестивност во преговорите ќе игра голема улога. Слободните Близнаци преку работа можат да запознаат интересна личност во знакот Лав или Водолија. Страдате од алергии.

РАК

Ви се дава можност да завршите работа на долгорочен проект. Ќе имате многу причини да се гордеете со вашите резултати. Љубовниот состанок овој ден ќе ги оживее оние стари добро познати пеперутки во вашиот стомак. Променете ја исхраната.

ЛАВ

Денеска бидете внимателни во комуникацијата бидејќи може погрешно да ве разберат. Добро проучете го секој документ пред да го потпишете. Уживате во топлината на вашиот дом, опкружени со семејството. Ве очекува заедничко патување со партнерот. Солидно здравје.

ДЕВИЦА

Строго придржувајте се до однапред поставените приоритети за да не се изгубите во деталите. Ве очекува финансиска добивка. Можноста за недоразбирање со партнерот денес е исклучително голема. Внимателно бирајте ги зборовите во комуникацијата. Намален имунитет.

ВАГА

Пофалбите за постигнатите резултати од претпоставените и вашите колеги ќе ве направат многу горди. Финансиската состојба е се подобра и подобра. Предизвикани сте да го пробате забранетото овошје. Постои можност да стапите во тајна врска. Солидно здравје.

ШКОРПИЈА

Успешна соработка со странска компанија или лице од странство. Клучот за успехот на овој ден е добрата комуникација и усогласувањето на различните ставови. Останувањето на Венера во вашиот знак ја засилува вашата потреба за љубов. Несогласувања во семејството. Нервоза.

СТРЕЛЕЦ

Овој ден ќе биде одбележан со ненадејно патување, но ќе донесе многу конструктивни резултати за вашиот бизнис. Финансиската состојба се подобрува. Излегувањето во друштво ќе ви донесе запознавање со многу интересна личност во знакот Овен или Водолија. Главоболка.

ЈАРЕЦ

Овој ден ќе означи успех на финансиски план. Можни се добивки од неочекуваното, преку соработка од која веќе сте се откажале. Конфликтни ситуации со партнерот може да настанат поради различни погледи на заедничка иднина. Лоша циркулација.

ВОДОЛИЈА

Марс во вашиот знак ќе внесе нова динамика во вашиот бизнис. Сепак, деловниот напредок ќе зависи од подготвеноста за компромис во вашите преговори. Флертувањето на патување може да ви донесе многу возбуда и страст. Тоа ќе биде врска базирана повеќе на физичка привлечност. Лоша циркулација.

РИБИ

Непредвидена ситуација на финансиски план може да создаде доцнење во реализацијата на вашите планови. Подгответе резервен план. Ве очекува ново поглавје во љубовта и почеток на врска со личност која долго ви се допаѓа. Солидно здравје.