петок, 19. јануари 2024. Вести денес: 0
home Хороскоп

Рибите ги очекува прилив на пари, Вагата да внимава на комуникацијата со соработниците

Рибите ги очекува прилив на пари, Вагата да внимава на комуникацијата со соработниците

ОВЕН

Фокусирани сте на правење на нови, тајни и амбициозни планови. Не сте во целост објективни што ќе биде видливо при нивна реализација. Емотивно сте презадоволни од врската. Проблеми со хормоните се можни.

БИК

Комуникацијата ви е силна страна. Успевате да постигнете работен договор кој ви обезбедува работа и пари на долги патеки. Имате симпатија, но не знаете на кој начин да и пријдете. Се чувствувате добро.

БЛИЗНАЦИ

Имате добра комуникација и висок степен на разбирање со колегите. Комуникацијата запнува единствено кон надредената личност. Емоциите ви проработиле и во целост се посветувате на саканата личност. Проблеми со колената.

РАК

Добивате поволни вести во врска со судски процес. Тој е завршен, а пресудата е донесена во ваша корист. Срамежливи сте и од таа причина не му покажувате на партнерот колку ви значи. Стабилно здравје.

ЛАВ

Задоволни сте од соработката со странци. Се разбирате многу подобро од што сте очекувале на почетокот на соработката. Емотивно сте исполнети. Партнерот е стабилен и доверлив, што многу ви значи. Добро се чувствувате.

ДЕВИЦА

Работата не се одвива на начин на кој сте планирале. Тоа ве демотивира, и вложувате дополнителен напор и ги постигнувате своите цели. Одличен ден за ново познанство. Имате впечаток дека другата страна ве скенира. Алергиски реакции се можни.

ВАГА

Внимавајте на комуникацијата со работните соработници. Постои можност да не се разберете најдобро. Во мислите ви е поранешниот партнер. Си признавате себе дека не сте биле фер кон него. Внимавајте на грлото.

ШКОРПИЈА

Фокусирани сте на работните обврски, одговорни сте и постигнувате успех. Вашиот труд е забележан и признат од страна на надредените. Се чувствувате добро во врската, но ви недостасуваат чувствата од партнерот. Солидно здравје.

СТРЕЛЕЦ

Уживате во работата. Се чувствувате добро кога ќе се забележи дека сте подобри од другите. Свесни сте дека односот кон партнерот трпи поради вашите работни обврски. Пробувате да најдете повеќе време за партнерот. Стабилно здравје.

ЈАРЕЦ

Имате силна желба да се пробиете на странскиот пазар, но не сте во можност финансиски да ја поддржите оваа идеја. Партнерот ви е важен и потребен. Максимално се посветувате на односот. Внимавајте на дишните органи.

ВОДОЛИЈА

Имате необјективен став околу проектот на кој работите. Фокусирани сте на ситници, наместо на глобален проект. Односот со партнерот не е најдобар. Не сте во целост отворени еден кон друг. Дигестивниот систем е чувствителен.

РИБИ

Ве очекува прилив на пари. Уживате во обврските и амбициозни сте. Потребно е појасно да ги претставите своите планови и идеји. Имате симпатија, и размислувате на кој начин да му се приближите. Внимавајте на исхрана.