недела, 17. декември 2023. Вести денес: 0
home Хороскоп

Рибите уживаат во успехот, Ракот несигурен во емоциите на партнерот

Рибите уживаат во успехот, Ракот несигурен во емоциите на партнерот

ОВЕН

Енергични сте, самоуверени и обврските ги одработувате во најкраток можен рок. Комуникацијата со странците ја држите во тајност. Ве очекува ново познанство, а вашата тактика со која се величате самите себе, не поминува. Бидете внимателни во сообраќајот.

БИК

Презадоволни сте од соработката со странците. Планирате да ја продолжите соработката и на други проекти. Емоциите ви работат. Имате потреба за интензивно дружење со саканата личност. Солидно здравје.

БЛИЗНАЦИ

Доколку работата има врска со униформа или градежништво, ве очекуваат големи проблеми. Емоциите ви се силни и во целост се посветувате на партнeрот. Имате впечаток дека љубовта е во „пикот“. Добро се чувствувате.

РАК

Запознавате личност од вашата дејност, и која на вас остава одличен впечаток. И нудите соработка, апсолутно сигурни дека ќе се сложувате. Имате дилеми кога е во прашање врската. Не сте сигурни во своите емоции кон партнерот. Притисокот е нестабилен.

ЛАВ

Во текот на работните преговори постигнувате успех. Воспоставувате соработка која ќе ви овозможни стабилен прилив на финансии. Не сте искрени кон партнерот по прашањето на финансии, затоа што знаете дека не би го одобрила вашиот трошок. Можна болка во грбот.

ДЕВИЦА

Ситуацијата на работа не е задоволителна. Работата стагнира, вие вложувате труд, а резултати нема. Мир наоѓате посветувајќи се на фамилијата и фамилијарните обврски. Партнерот ужива во вашето внимание. Можни се проблеми со забите.

ВАГА

Амбициозни сте и со желба за успех. Вложувате многу труд и време за работата, но не успевате да ја постигнете целта. Свесни сте дека брачниот пар има проблеми. Трпеливо чекате да ги реши и да ви се посвети. Чувајте го грлото.

ШКОРПИЈА

Имате многу обврски, но и доволно енергија да ги завршите. Вашиот позивитен став кон работата е заразен. Интуцијата ви работи и ви кажува дека партнерот не е искрен кон вас. Мудро молчите и го следите однесувањето на партнерот. Главоболка е можна.

СТРЕЛЕЦ

Вредни сте и максимално сконцентрирани на обврски. Финансиска добивка позитивно влијае на вас. Не сте во целост заинтересирани за партнерот и тоа му е јасно. Се надева дека е во прашање само минлива фаза. Добро здравје.

ЈАРЕЦ

Можни се проблеми на полето комуникација и администрација. Ако е потребно било што да потпишете, прво проверете повеќе пати дали е се јасно формулирано. Емоциите кон партнерот се постојани и силни. Дигестивниот систем е чувствителен.

ВОДОЛИЈА

Загрижени сте и фокусирани на финансиите. Во очекување сте на прилив на пари. Еден дел стигнува, што носи олеснување, но другиот дел доцни. Партнерот ви пружа поддршка и ве бодри дека финансиите ќе бидат подобро. Пад на расположението.

РИБИ

Самоуверени сте. Уживате во постигнатиот успех. Ви годи чувството дека сте семоќни. Со многу ентузијазам ги очекувате новите обврски. Вашите мисли се насочени кон поранешниот партнер. Несоница.