петок, 12. јануари 2024. Вести денес: 0
home Хороскоп

Шкорпијата ќе добие одлични вести од странство, на Лавот итно му е потребен одмор

Шкорпијата ќе добие одлични вести од странство, на Лавот итно му е потребен одмор

ОВЕН

Во атмосфера на лаги која доминира во вашето опкружување, може да прерасне во вистинска завера против вас. Доколку на време не го прифатете поразот и критиките, може да бидете посрамотени и да се најдете во крајно непријатна ситуација.

БИК

Без оглед на се што сте планирале, бидете подготвени дека поголемиот дел од активностите ќе ви бидат откажани. Сте ги прецениле своите можности, па сакале вие или не, ќе бидете принудени работата да ја препуштите на соработниците. Искористете го денот за краток одмор.

БЛИЗНАЦИ

Во позиција сте паралелно да одработувате две одвоени, но важни работи. На вас тоа ви оди добро, но денеска потфрлате. На време направете мал одмор, за да не се случи грешка која подоцна тешко ќе ја исправите.

РАК

Се обидувате во својата работа да внесете иновации за кои долго размислувате. Чекате поволен момент некој предлог да го презентирате на луѓето кои се одговорни. Не смеете долго да чекате, превземете иницијатива и најавете разговор.

ЛАВ

Пред вас се многу обврски. Ќе ви се чини дека не кревате глава од работа, а всушност ништо нема да се случува. Илузија дека сте претерано оптоварени доаѓа поради заситување, па итно ви е потребна промена на работа или краток одмор.

ДЕВИЦА

Својот љубовен живот математички сте го пресметале, па, според вашето мислење не постои шанса работите да се одвиваат онака како што сте замислиле. Гледате дека не е лесно да го предвидите развојот на случувањата, особено ако во односите се вклучени и емоции.

ВАГА

Можни се проблеми во љубовните односи. Во минатото сте славиле мала победа со која на партнерот сте му дале до знаење каде му е местото. Денеска тоа доаѓа на наплата, а вашиот авторитет може да биде занишан доколку не го сопрете своето его.

ШКОРПИЈА

Одлични вести стигнуваат од странство. Конечно, вашите необични идеи доаѓаат до вистинските луше. Сепак, не очекувајте дека се ќе оди како „подмачкано“. Во реализацијата ве чека непланирана пречка. Доколку трпеливо го решите проблемот, пред вас е добра шанса.

СТРЕЛЕЦ

Сметајте на поддршка на пријателите и на соработниците затоа што во минатиот период со своето залагање и пожртвуваност тоа сте го заслужиле кај нив. Ве очекува потпишување на договор после кој вашата кариера ќе тргне во друг правец.

ЈАРЕЦ

Ве мачи променливост на расположението кое ниту вие не може да го испратите. Покрај тоа, можна главоболка влијае на вашата психофизичка форма. Немојте да барате причини во нешто конкретно, пред бил какви заклучоци, добро одморете се.

ВОДОЛИЈА

Не ви е јасно како сте успеале да пропуштите понуда која неодамна ви „избегала“. На таа тема ве чека разговор во кој нема да ви биде пријатно. Ако подготвено поднесете критика и понудите логични оправдувања, тогаш шансата не е загубена.

РИБИ

Ги прифаќате новите обврски, иако не сте сигурни како тие ќе функционираат. За да совладате се, потребно е дополнително време. Бидејќи за тоа немате услови, можеби е помудро да се откажете.