сабота, 2. декември 2023. Вести денес: 0
home Хороскоп

Шкорпијата ќе планира идни проекти, Ракот да не приговара

Шкорпијата ќе планира идни проекти, Ракот да не приговара

ОВЕН

Брзате да ја завршите обврската од минатата седмица. Плановите ви се менуваат во последен момент и мора да преземете невообичаени мерки. Како што наближува новиот месец, вие станувате сè понетрпеливи. Ги надминувате недоразбирањата со колегите и повторно сте исполнети во работата. Не се потпирајте премногу на вашата среќа денеска.

БИК

Можно е да бидете разочарани од неочекуван исход на некоја ситуација и ненадејни пречки кои се појавиле. За некои претставници на овој знак, нивниот бизнис денеска ја нема нивната најпрофитабилна позиција. Љубовта, пак, ќе биде дарежлива кон вас и поволно ќе ви се насмевнува. Можно е кратко патување со саканата личност, како и покана за интересен настан.

БЛИЗНАЦИ

Нечија љубезност кон вас ќе ве предиспонира за неговите потреби, а вие за возврат ќе ги поддржувате. Со добро расположение и желба за промени ќе пристапите кон следниот предизвик. За некои тоа е поврзано со кариера, за други е поврзано со бизнисот или животниот план. Изразете ја вашата љубов кон саканите со тоа што ќе направите нешто посебно за нив.

РАК

Непредвидените околности ќе ве доведат во услови кои исклучуваат откажување од активностите. Не приговарајте. Она што ќе го научите ќе ве направи поспособни и поуспешни. И вашиот одмор ќе стане посладок. За удобноста на вашиот дом ќе се погрижат вашите најблиски, а атмосферата во текот на вечерта ќе ви помогне да се опуштите.

ЛАВ

Не попуштајте пред искушенијата кои ве туркаат на непромислени постапки, вие сте силни и можете да им одолеете. Усогласете се со барањата на одредена задача, работното место или друга работа и непречено ќе напредувате. Достигнувањата во материјалната сфера ќе го подобрат расположението и ќе ги направат следните денови помирни.

ДЕВИЦА

Денеска ќе успеете да постигнете нешто што долго време ви е цел. Имајте на ум дека многу често ќе мора да дејствувате самостојно и да донесувате одлуки од кои многу нешта ќе зависат подоцна. Непотребно се грижите за саканата личност, која самата ќе може да се справи со она што го загрижува. Ги освојувате симпатиите на личност со која ќе соработувате.

ВАГА

Почетокот на седмица ви донесе примена, којашто денеска ќе ја прифатите безрезервно. Ништо не може да го промени текот на времето, а вие самите сте меѓу неговите активни учесници. Зајакнувањето на деловните односи ќе ви помогне полесно да ги придвижите задачите, земајќи го предвид мислењето на вашите партнери.

ШКОРПИЈА

Наполнети сте со енергија од претходните денови и добро ќе комуницирате на сите нивоа. Некои од вас ќе го променат работното место или ќе започнат нешто ново. Може ќе планирате идни проекти. Во наредните денови ќе добиете известување кое конечно ќе го обликува вашиот став за одредено прашање.

СТРЕЛЕЦ

Профитабилна понуда од деловен партнер ќе ви го привлече вниманието денеска. Можеби ќе треба брзо да дејствувате за да ја искористите поволната ситуација. Не ги зголемувајте вашите надежи за поддршката што ви е ветена. Многу е веројатно дека и покрај нејзината добра волја, личноста на којашто се потпирате нема да може да ја исполни обврската.

ЈАРЕЦ

За некои од вас денеска се наѕира службено патување кое ќе биде многу исполнето. Успевате да ја завршите целата работа, дури и воспоставувате нови контакти кои ќе ви бидат корисни во иднина. Каде и да одите, луѓето остануваат со прекрасни впечатоци за вас и вашата работа. Обидете се да закажете состанок со блиска личност.

ВОДОЛИЈА

Брзо се насочувате кон она што ве чека и го наоѓате најкраткиот пат до успехот. Обидете се да останете фер кон партнерите, бидејќи ве чекаат повеќе заеднички проекти. Имате можност да направите нешто убаво за вашата сакана личност. Не двоумете се, нема да ве чини сериозни напори, а резултатот ќе биде импресивен.

РИБИ

Заедничките деловни или други колективни активности ќе бараат снаодливи одлуки и придружни активности од ваша страна. Вашата самодоверба ќе расте, и тоа сосема оправдано, со оглед на добрите резултати и вашата заслуга за нив. За жал, не за сите нештата ќе се одвуваат според нивните очекувања, можни се несовпаѓања и повеќе нерви при исполнување на некоја обврска.