вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хороскоп

Шкорпијата ужива во љубовта и страста, овие знаци се емотивно неисполнети

Шкорпијата ужива во љубовта и страста, овие знаци се емотивно неисполнети

ОВЕН

Дискретно ги користите познанствата за добивање на информации. Тие ви се многу важни за понатамошниот развој на работата. Вљубени сте и презадоволни од врската. Свесни сте дека сте зрели за понатамошен развој на врската. Нервозни сте.

БИК

Во потрага сте за финансиска инекција. Разговорите поминуваат лошо и другата страна одбива да ви позајми пари. Имате симпатија, но не брзате да влезете во врска. Сакате прво добро да ја запознаете. Мрзеливост.

БЛИЗНАЦИ

Соработка со странските соработници одлично напредува, иако имате впечаток дека не сте во целост отворени кон вас. Емотивно сте неисполнети. Ви недостасува вниманието од партнерот. Проблеми со бешиката.

РАК

На обврските пристапувате на крајно сериозен начин. Приливот на финансии позитивни влијае на вашиот работен елан. Не сте задоволни од односот со партнерот. Ви недостасува чувство да сте емотивно исполнети. Внимавајте на исхраната.

ЛАВ

На работа атмосферата е разочарувачка. Вие единствено верувате дека напорот не е залуден и дека ќе постигнете резултати. Емотивно сте неисполнети. Мислите дека сте донеле најдобра одлука со бирањето на партнерот. Добро здравје.

ДЕВИЦА

Не успевате да воспоставите хармонична комуникација со колегите. Секој инсистира на своја идеја, и не сака да ги признае квалитетите на другите. Одржувате контакт на далечина со симпатијата. Не сте опуштени.

ВАГА

Добивате нова работна понуда. Задоволни сте од сегашната работа, па новата понуда воопшто не ве привлекува. Правите љубоморна сцена на партнерот со што само го дистанцирате од себе. Стабилно здравје.

ШКОРПИЈА

Полни сте со позитивна енергија и решени некои прокти кои се оддолжиле, конечно, да ги приведете кон крај. Во целост сте посветени на партнерот и уживате во љубовта и во страста. Бубрезите се чувствителни.

СТРЕЛЕЦ

Не сте во целост задоволен од ситуацијата на работа. Сте очекувале некои обврски да ги одработите набрзина, но се испоставува дека морате да посветите повеќе внимание и време. Уживате во стабилен брак. Време е за посета на гинеколог.

ЈАРЕЦ

Како љубител на ред, работа и дисциплина, ви пречи изненадувачка промена на работните планови. Емотивната сфера е во прекин. Ниту некој ве интересира, нити вие некој.Нервите се чувствителни.

ВОДОЛИЈА

Не сте задоволни од процесот на работа. Сметате дека е потребна модернизација. Ве очекува ново познанство преку работа. Другата страна остава одличен впечаток, и се распрашувате кај колегите. Добро здравје.

РИБИ

Работата се одвива нормално, без застој и стрес. Ви годи работа во опуштена и работна атмосфера. Вљубени сте во брачниот партнер како и првиот ден. Партнерот ви дава чувство на сигурност. Стабилно здравје.