недела, 10. март 2024. Вести денес: 0
home Хороскоп

Стрелецот ќе се бори за правда, Бикот е премногу чувствителен

Стрелецот ќе се бори за правда, Бикот е премногу чувствителен

ОВЕН

Акцентот се наоѓа на финансиските прашања. И покрај извесна доза на ризик, ќе остварите финансиска добивка. Чувствувате се поголема привлечност кон личност од работа. Тешко ќе оддолеете на искушението да не влезете во тајна врска. Кога е здравјето во прашање, можно е нерасположение и проблеми со коските.

БИК

Клучот на успехот во овој период е во реогранизацијата и промените во тимот на соработниците. Можно е обнова на стара сораб отка. Премногу сте чувствителни и може импулсивно да реагирате на коментар на партнерот. Настинка е можна, чувајте се.

БЛИЗНАЦИ

Потешкотии во работната комуникација можно е да ви создаваат главоболки. Потрудете се што попрецизно да ги изразувате своите ставови. Слободните Близнаци ги очекува зближување со личност која ја познаваат преку пријател. Романтичен состанок ве чека. Можни се проблеми со дишните органи, хормоните и инфекциите.

РАК

Овој период ви носи промена во тимот на вработени. Една работна соработка ќе ја прекинете, затоа што личноста е недоверлива. Атмосфера полна со љубо и нежност го опкружува вашиот однос со партнерот. Вашиот однос добива на квалитет. Проблемите со органите за варење.

ЛАВ

Важен работен состанок на кој ќе постигнете успешен договор, ќе го одбележи овој ден. Не влегувајте во ризични инвестиции. Вашиот однос со партнерот може да минува низ период на криза на доверба. Со отворен разговор тоа ќе го надминете. Дишните органи ќе бидат чувствителни. Избегнувајте газирани и ладни пијалоци.

ДЕВИЦА

Најголем напредок во кариерата може да направат оние кои се занимаваат со просветителство или во уметноста. Вашиот однос со партнерот минува низ хармоничен период. Следува период на понатамошно зближување. Во овој период ви се препорачуваат топли напитоци, како и внесување на витамини и минерали.

ВАГА

Овој ден може да одбележи обновување на стара соработка или важен договор за напредок во кариерата. Слободните Ваги ги очекува додворување од страна на личност која ја познаваат од работа. Постои можност за тајна врска. На полето здравје можни се проблеми со притисокот и срцето.

ШКОРПИЈА

Важен работен состанок ве очекува на кој вашите преговори ќе наидат на пречки во вид на преговарач кој не попушта. Неопходен е компромис. Конечно, имате повеќе време да се посветите на партнерот. Тоа ќе придонесе на ваше поголемо зближување. Можни се инфекции на дишните патишта.

СТРЕЛЕЦ

Денеска до вас може да допрат некои „сплетки“, а тоа може да доведе до отворен конфликт на работа. Ќе се борите за правда. Слободните Стрелци се наоѓаат во дилема дали да се смират со својата поранешна љубов или не. Превентивата е најважна, па така земајте повеќе витамин Ц.

ЈАРЕЦ

Несогласување со работните партнери може да го одбележат овој ден. Подгответе резервен план. Познанство со една особа на некоја забава оставило на вас силен впечаток. Наскоро ве очекува зближување. На полето здравје присутна е наклонетост кон инфекции и алергии.

ВОДОЛИЈА

Главна тема овој ден ви се финансиските прашања. Бидете вниматеЛни во ризични вложувања и потези. Слободните Водолии овој ден може да запознаат некоја сродна душа преку пријател на некоја забава. Кога е здравјето во прашање, коските и зглобовите се чувствителни.

РИБИ

Планетарните аспекти на вашиот знак придонесува работата да не се одвива по очекуваното темпо. Можен е застој. Вашиот однос со партнерот може да минува низ краткотрајни разминувања, но брзо ќе се среди ситуацијата. Одлично здравје и одлично се чувствувате.