петок, 24. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хороскоп

Стрелецот препуштен на уживање, Водолијата да покаже зрелост

Стрелецот препуштен на уживање, Водолијата да покаже зрелост

ОВЕН

Заобиколете го она што не е добро за вас. Не е важно дали е во прашање храна, луѓе, места… Следниот период во љубовта може да ви се случат промени, и какви и да се, ќе ги прифатите како да се добри за вас. На работа не сте задоволни од ситуацијата па треба да менувате. Ќе ви годи повеќе време да минувате во природа.

БИК

Дозволете си на себе опуштање денеска, ќе ви годи малку да се опуштите од се, па макар од мислите. Слободните припадници на овој знак може да се опуштат и да уживаат со личност која им годи. Дозволете еден вид трансформација во следните денови на работа. Здравјето е стабилно.

БЛИЗНАЦИ

Имате впечаток дека многу давате, а малку добивате за возврат и не е дека не сте во право. Ако постои можност почнете промена, но од себе. Во љубовта суштински ништо не се менува, и тоа ве нервира. Не добивата адекватен надомест за сојвата работа. Нервоза ве следи.

РАК

Избегнувајте по секоја цена оброци во доцните вечерни часови. Ова е особено важно за оние кои се во средни години, па и постари. Прилично е стабилно љубовното поле кај вас. Кога е во прашање работата, влегувате во добри и интензивни промени. Проблеми со варењето.

ЛАВ

Секојдневните активности лесно може да се претворат во „бојно поле“ на кое ќе губите сила, но и нерви. Некогаѓ треба да се тргнете за се подобро да се види на работното поле. Пошираката слика е поважна, а вие гледате само на своите интереси. Постои можност за лош однос со некој колега(колешка). Што и да е во прашање, остенете смирени. Нервоза стомачни тегоби.

ДЕВИЦА

Имунитетот ви е слаб и наклонети се кон тоа често дас е чувствувате изморено, без волја, што многу ќе влијае на ритамот. Односите во љубовното поле се на стаклени нозе, овој период тешко дека ќе преживее. На работа тапкате во место. Здравје пропратено со пад на имунитетот и нервоза.

ВАГА

Финансиите се на завидно ниво, но не се ни така лоши, наплатете го својот труд. Сметате дека околу партнерот постои нешто тајно, нешто кое ви го крие, но не започнувате караница се додека не се осигурате дека е така. Не умеете да ги контролирате трошоците овој период. Можни се повреди.

ШКОРПИЈА

Сте оставиле некои работи за подоцна и сега дошло време за нив, а вие немате многу сила со нив да се занимавате. Посакувате интензивен љубовен живот. На работа се можни пропусти и грешки. Чувствителни сте на бактерии и на вируси.

СТРЕЛЕЦ

Моментално кај вас се стагнира, па и вие самите. Сте се препуштиле на уживање, само немојте да претерувате. Кај оние во чии врски постојат тајни, прашаања за кои не се прашува и сомневања кои разоруваат сега треба да дојдат до разрешување на ситуацијата. Ве мачат незавршени работни задачи. Проблеми со синуси.

ЈАРЕЦ

Припазите малку на своето его, може да ве доведе со самотија, незадоволство и слично. Така лоша позиција сега не ви треба. Во љубовта чувајте се од оговарања и манипулации на други луѓе. Имате можност работите околу работното поле да ги преземете во своите раце. Несоница, нервоза е можна…

ВОДОЛИЈА

Немојте да започнувате повеќе работи одеднаш, и не барајте од другите да работат она што е ваша работа. Во љубовта се можни непријатни изненадувања за оние кои се во брак или долга врска. Покажете зрелост во моменталната ситуација на работа. Без проблеми е здравјето.

РИБИ

Денешниот ден е одличен за дружење, за носење одлуки, па дури и за спроведување на дело на истите. Некој непромислен потег може да го доведе вашиот партнер да се сомнева во вас. На работа работете по принципот чекор по чекор. Во вечерните часови можна е главоболка.